од (предл.) - дванаесет (бр.)

Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во реонот на Долнец, со зафаќање за работа на Борко, се довлечкува една група од дванаесет луѓе, повеќето од градот, од Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пак јас ќе ти кажам. Зашто пиеше вино со леген од дванаесет оки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)