низ (предл.) - најразличен (прид.)

Оној кој се ниша помеѓу тие спротивности минува низ најразлични степени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но помеѓу спротивностите на вистинската и лажна мистичка опседнатост и жизнерадосната на релативно “нормална” грешност постои цела низа меѓустепени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во сите овие години на патувања низ најразлични земји и проповедања пред најразлични народи научи дека меѓу луѓето нема големи разлики.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Господ е “остроумен раскажувач” кој на луѓето и анѓелите им се манифестира низ најразлични потфати, првенствено по пат на сликовни симболи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)