низ (предл.) - кален (прид.)

Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако не нè префрлате во Албанија што ќе биде со нас? (Ќе видиме; мораме да ве спасуваме...) Како? (Има наредба: кој може, кој е поздрав, треба да тргне пеш преку Косово...) Се оди прекутрупа, низ нивје, низ кални патишта, непријателот опсипува со гранати; една од нив паѓа близу, ја затресува земјата, ја откорнува и го покрива Трајана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)