низ (предл.) - долг (прид.)

Одеше низ долгиот ходник на Министерството и веќе беше стигнал речиси до местото на кое Џулија му ја беше тутнала пораката в рака, кога стана свесен дека некој, многу покрупен, чекори веднаш зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ долгата историја на печатарството - вели Кувер - имало безброј стратегии да се ограничи силата и доминацијата на печатарскиот ред (линија), од маргиналиите и фуснотите до креативните иновации на романсиерите како што се: Лоренс Стерн, Џемс Џојс, Рејмон Кено, Хулио Кортасар, Итало Калвино и Милорад Павиќ.“ (The N. Y. T., June 21, 1992, p. 23) Покрај овие автори електронските писатели за свои претходници ги сметаат уште и Сервантес и Борхес.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Низ долги опити тој виде дека буквата И создава црвена боја па долго иеше врз него, сѐ дури едно утро листенцата не запеаја во јарко црвени гласови.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Осип Мандељштам Се гледам со очите на ѕверот Затворен во својата ќелија Во својата богата пустелија И ја меморирам сета верност Што си ја искажував кон себе Чекорејќи низ долгите ходници Низ вените со сѐ уште топла крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ме шетаат така, вртиме низ долгите и празни ходници и запираме пред една врата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чанга се насмеа и ние со овој рефрен на песната што не ја знаевме сета, следени од нашата Сталинка, влеговме во дворот поминувајќи низ долгата авлија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)