низ (предл.) - главен (прид.)

Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само јас сум бил повластен да влезам низ главниот влез на Уредот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излегоа со сандакот во дворот, одвај пробуткувајќи се низ насобраниот народ, а потоа појдоа низ главниот сокак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одмина тој занесено низ главната улица на градот и исчезна заедно со змиите од спротивната страна на ридот по којшто дојде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И тој како вас, ја прифати и ја засака мојата балканска сага, ја чувствуваше како блиска, од моите кажувања и помали записи на француски јазик, с уште необјавена низ главните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Продолжува – Јас за прв пат го имав тоа чувство како дете, за време на војната, кога гледав како низ главната улица нашите единици заминуваат на Сремскиот фронт.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
XXXII И во односот кон Палестина и Палестинците, од страна на претставниците на високото југословенско колегијално раководство, се чувствуваше отсуството на некогашна Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)