низ (предл.) - чардак (имн.)

Крај нашата куќа, на нејзиниот преден дел, на неколку чекори од реката, крај самата порта, беа извишени и две вити липи чии миризливи сенки, кон крајот на пролетта и во почетокот од летото, влегуваа низ ширум отворените прозорци, минуваа низ чардакот, стигнуваа до Татко и до неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Низ чардакот се пренесе миризбата на камилицата која растеше во Мајкината градина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако ѝ рече да остане, божем за да имаат децата права мајка, таа ќе се напрчи уште толку, небаре женски чауш, и ќе почне да му го фрла фесот низ чардакот, или да му ја топи чалмата во шадрванот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Миризбата на јорговановите цветови се ширеше низ чарадакот, го носеше до нас здивот на блиската река...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)