низ (предл.) - уво (имн.)

Го издушува низ уста, низ нос, а може и низ уши. Оти сѐ се зачадува околу главата негова. Пусти Дуко Вендија!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЈАКОВ: Времето им одговара на фригидните. Мене ми тече сперма низ уши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Знаеш некои магии. Нешто со топчиња, низ нос, низ уши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајко божја, зол е твојот син Исус! се сети и заплака, - проклети чудовишта и проклет Нојов ковчег, - а горилата го влечеа, мирни и свикнати на отпор, отсутни, влакнести. „Зошто?“ ги праша со свенат глас. „Зошто?“ Прашањето како да не можеше да се провлече низ малите грмушки на сивите влакна што им пробиваа низ ушите како кај клисарите од дебелите руски книги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дотогаш намовнатите дремливи мисли се апеа под неговото теме во врела темница; нивното долго и продорно пиштење избиваше во остри бликови низ ушите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Заколете ја, вели тој што им е како главен, војвода. Тие ги подместуваат штиковите, а кладенчето си ромори, небаре низ уши да ми поминува. 195
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)