низ (предл.) - толпа (имн.)

Без изговорени зборови, бран на разбирање помина низ толпата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како и обично, Винстон одвај погледна во Џулија додека одеа во пресрет еден на друг низ толпата, но при брзиот поглед што го фрли врз нејзиното лице, му се стори дека е побледо од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ако премногу се навикнеме на конформистичката зона на самотијата деновите на осаменоста неподносливо бавно ќе одминуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш кога се движам низ толпата, кога се возам со автобус, кога патувам низ плоштади, на концерти, се фокусирам на работи кои за другите се наполно безначајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таков, само ќе се прошеташе низ толпата - малку наместено, спрепнувајќи се кобојаги, како да ќе падне.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наскоро се пробивав низ толпа испотени луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Потоа исчезна. Одев низ толпата и го барав, но не го најдов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почна да се пробива низ толпата што следеше ритам на валцер.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Музиката запира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики скокнува од бината, се пробива низ толпата и застанува зад Краста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)