низ (предл.) - тишина (имн.)

Беа во години кога се разбираа низ тишина и премолк, кога непотребните зборови остануваа длабоко закопани во тишината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
37 Трчаше до планината на крајот од земјата, додека не го изеде небото, а тогаш низ тишината на заспаните птици слушна како од другата страна на планината се качува џин, прво над гребенот го забележа сјајот што го излачува неговата топлина во ноќта, потоа се појави бледата, ќелава, таткова глава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откај левата - женска страна - низ тишината се прогласило липање - за маките Христови што наближуваат на Велипеток, за страдањата и смртта на Синот Божји - Единороден од Мајчица Богородица. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Најчесто низ тишина, во тишината на единствениот јазик во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На овие мисли ме поттикнаа вашите писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првата половина на истиот век во Европа се случија и двете светски војни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми велеше често, особено кога бевме најрасприкажани, со најмала контрола на зборовите и нивното протнување низ тишината, дека човек лесно станува роб на своите изговорени зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка ќе си го речеше своето несетум, често низ тишина, па се препушташе на бројните грижи, на нашите повици.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие, со години, во тешките и пресудните мигови за судбината на семејството, најдобро си се разбираа низ тишината. Така беше и овој пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако ќе ја забележеше бараната книга на свое­то место, ќе ги сетеше, низ тишината, Мајкините чекори, на излегување, како тивок тупот на нивната заедничка среќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)