низ (предл.) - творештво (имн.)

А вистината е: токму како што мак. политика и мак. производи ни оддалеку не се ниту релевантни ниту конкурентни на некаков си европски пазар кон кој гравитираме, така и мак. култура нема доволно силни личности, ниту низ творештвото, ниту како силни каризми околу кои се „ројат“ луѓе и идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кирчо Арсовски токму е солиден претставник на една таква автентична андерграунд „поп-струја“, која својата кулминација, во глобални рамки, ја доживеа низ творештвото на Ворхол, Дејвид Линч или Тарантино.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, една од работите што најмногу ù недостасуваат на раскашавената култура на овој „смачкан народ“ (в. Б.Конески) токму е поп-уметноста, која подлабоко и психолошки поуверливо се ситуира во одреден културен државен концепт.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)