низ (предл.) - смеа (имн.)

- Не е тоа, тато – одговарам низ смеа: - На ноќната радио-програма, не претставуваат списанија. - Туку?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- А оние кои се гордеат со својата цврсто цементирана кичма – продолжува Хорацио низ смеа – тие се догматичари, типични магариња.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, кога веќе го откри, избегни го она клекнување, за тебе и тоа би бил преголем напор, - низ смеа му одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Залаците на Рада беа пообемни, па цимерките низ смеа ја прекорија: - Полека Радо!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи, колешке, ќе имам ли шанси за некое илегално сместување? - Јок! Нема! - низ смеа одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гризеше од сочниот плод, џвакаше со предизвикувачка сласт и пак гризеше низ смеа, со широко развлечени усни од кои карминот се лепеше на преостанатиот дел од јаболкото во нејзината рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Па ова не е хумор. Ова е животна пародија, која се случила, но која оваа топла душа умее така вешто да ни ја пренесе, а при тоа никако да не ни дозволи да ѝ ја почувствуваме маката, која таа низ смеа вешто ја крие од светот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во себе си помислив дека малку ја тепав додека беше мала.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ти се загрижи да не ти го земе редот низ смеа -рече Трендафил.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако се изнасмеа убаво, убаво, и се приближи на едната од жените, ја фати за долгите црни зулуфци, и ја исправи, и така исправената горда глава, и се заѕури одблизу во очите и почна пак тивко и пакосно да и се смее в лице, па низ смеа и се обрна со збор: – Анѓо мори!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Што ти е? - ја внесуваше Грдан внатре, половина низ смеа,а половина загрижен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во тоа време ги поставил основите на рускиот реализам од XIX век со своето ремек-дело, романот Мртви души (1842), сатира за ропството и за бирократските нееднаквости, со којашто се надевал дека ќе ги казни злоделата и ќе им ги отвори очите на своите сограѓани низ смеа, како и со расказот Шинел (1842).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Антон Павлович ЧЕХОВ (1860, Таганрок, Русија – 1904, Баденвалер, Германија).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)