низ (предл.) - празнина (имн.)

Низ празнината на подот тој скокна со чудна грациозност на нуркач, поразен камиказа на пат кон Најт Таун.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)