низ (предл.) - пат (имн.)

Долу, низ патот, меѓу честарот и дрвјата, надоаѓаа луѓе што се собираа за пазарниот ден, денот на славјето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Надвор во ноќта... долж авениите, низ пат...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зар не ни беше често спасот во местата кои водат низ патот на одбегнатата судбина?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На овие научни дебати се надоврзува енигматичниот феномен на размножувањето, којшто ја води оваа необична риба до Саргаското Море минувајќи низ патишта со семожни опасности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сум одела, одела, одела низ патишта непознати сум одела...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)