низ (предл.) - падина (имн.)

Студеникавиот попладневен дожд дојде низ падината, допирајќи ги пченките во обработените ниви на ридот и барабанејќи по покривот од сува трева.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некаква леснина ни бликаше од душата и нѐ тераше распалавено да се влечеме низ падината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од неа, од Градишка Вода, истекува мала бразда, која спуштајќи се низ падините, во шумата ги собира попатните води од другите, помалите и безимени извори, и долу, во полето ја формира Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)