низ (предл.) - ограда (имн.)

Потоа со Ујдаа и со камења, разоружани, ги спопашкаа прудолу низ оградите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само попот нивни, некојси Димитрија, пречанин, го задржаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се завлечка првин на раце и на нозе низ тревата, низ цветните алеи на паркот, крај грмушките, а потоа се исправи и полека се провре низ оградата и излезе на улицата, и знаејќи дека ќе го бараат, скршна по споредни улици и бегаше сè подалеку и подалеку.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се провре низ оградата и влезе во градината, се растрча, а по некое време дојде до борот сред градината и почна да копа крај неговото стебло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги вргалиме очите и се гледаме низ оградата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Нашата семејна конфигурација е неминовно контроверзна“, признава, „дури и за лезбејките и за геј-мажите, особено за оние што сметаат дека главнотековноста е најдобрата стратегија за обезбедување граѓански права“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ја велича само можноста да се „има место на масата“ (48), потсетувајќи на насловот на злогласната книга од десничарскиот полемичар за геј-прашањата Брус Бауер.458 Не; таа содржи и лирски призвуци на сентименталната секојдневност што повеќето денешни новинари и тоа како би се срамеле да ги објават: Откако дојде бебето, има скапоцени мигови кога Мет и јас можеме да се видиме насамо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, написот на Калифија-Рајс се впушта во своевидна главнотековност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можностите кога копнежот успева да провали низ оградата се уште поретки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Куќата е леплива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така еден ден, додека другите играа топка, јас се искрадов низ оградата и по писокот ја најдов железничката станица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- му подвикна Нумо на Кузе кога забележа како им се доближува со чекор на загар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледнав низ прозорецот кој нудеше поглед од верандата, па низ оградата и понатаму низ потемнетата рамнина исипана со неколку раштркани, големи, бели куќи, слични на таа на тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само одвреме-навреме некој звук како подземен татнеж ќе ме потсетеше на сето месо што го изедов.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но Калчо ќе се тргнеше некаде во ќошот од дворот, ќе поседеше тука счучурен и по некое време пак ќе ја провереше главата низ оградата: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)