низ (предл.) - магла (имн.)

Очите ѝ се насолзени и како низ магла виде дека некој мафта со рака во окрвавен завој.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Девет пати ќе ја очисти куќата и во мразно доба, кога гладните глутници, предводени од Куциот со волчја глава, завиваа низ маглата, таа, пред налетот на виугливите болки, изгонета и презрена од семејството и градскиот космос, се пораѓа во студот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Збунета сум... Ѝ помагам да се подигне, па ѝ ја додавам чашата со розето: - А јас се сеќавам на твоето детско гласче кога ни велеше дека сме силуети што минуваме низ маглата – Сум го заборавила и тоа, иако мислам дека сум била во право.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секое објаснување од дедо му што одеше понатаму од настанот со ајдутинот Велко, беше како одење низ магла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И она што го работеше како да не го работеше тој, туку некој друг, а тој само го гледа како низ магла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така да ми врви сѐ низ магли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Следните два дена му минаа како низ магла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По нивното заминување тој долго, изгубен, талкаше по перонот, не срамејќи се од присуството на живи луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите свирежи од пругата, како змии се виткаа низ маглите од небото...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледај го, малиот“, рече Љупчо, „жив се спотнал од возбуда. Ама за денес - доста...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го слушав неговиот глас како од некаква далечина, го гледав како низ магла, посакував побрзо да излезе, а по него и тројцата - Ташко, Влатко и Дејко - да излезат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Или, поточно, и кога слушнале нешто, тоа поминувало покрај нив како сенка низ магла.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој, маѓосан од љубовта, за сите вакви обавестувања имаше некое свое сопствено толкување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)