низ (предл.) - лавиринт (имн.)

Малите човечиња слични на бубалка, кои толку итро итаат низ лавиринтот од ходници во Министерствата - тие исто така никогаш нема да испарат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една вечер, доцна, се враќав со метрото од кај „Монпарнас“, каде што тоа е најмеханизирано, зашто за да се префрлиш од еден до друг правец минуваш низ лавиринти некогаш и по еден километар со ескалатори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така мудрецот ќе се насочува од едно значење кон друго, од буква до буква, како во потрага низ лавиринт, трагајќи по излезот на апсолутното значење до буквата Aleph, во која се крие Господарот на светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одиш така со нозете една пред друга, како по некоја замислена права линија. Те води низ лавиринтите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па сепак за мене тоа беше обична игра - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и тие скитања од татко до татко, нели, потсетува на одење низ лавиринт без излез.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас би рекол - се движиме низ лавиринт и се мачиме да пронајдеме излез.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Додека ја слушаше, докторот со прстите ѝ ја милуваше косата, ѝ ја местеше перницата за да може подобро да дише, ја водеше низ лавиринтот на нејзината несигурност со мудрост и нежност за какви што никогаш не ни сонувала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја задржував, колку што имав свесна моќ за тоа, во спомените, потоа, низ лавиринтот на потсвеста, таа за миг ќе ми се појавеше во некој од сништата кој секогаш се збиднуваше зад границата, во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Крилестата телепатија што го предупредувала кога кулите, дрвјата и бреговите му се испречувале на патот, суптилното сетило и чувството што го водело низ лавиринтите од шуми, падини и облаци, сето тоа било засекогаш согорено со оној удар по неговото лице, она синкасто електрично пржење и саскање.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)