низ (предл.) - крошна (имн.)

Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во далечината, низ крошните на дрвјето блескаат зелените очи на сонцето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)