низ (предл.) - историја (имн.)

Со други зборови, тие секогаш очекуваат некој друг наместо нив да ја заврши работата и да се избори за нивните права – без притоа, ни малку самокритички, да се запрашаат: што секој од нас посебно и што сите ние заедно направивме за подобрување на катастрофалната состојба со работничките права во РМ?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали воопшто треба да потсетуваме дека круцијалните права за кои работниците и работничките се изборија низ историјата (правото на осумчасовно работно време, правото на платен одмор, правото на штрајк и многу други) се остварени по пат на радикални судири на синдикалните, социјално освестени групи со газдите и државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова од причини што, иако за нас е сосем разбирливо работниците да бидат против овој или оној наводно „независен“ синдикат, истовремено ни е целосно несфатливо работниците да бидат против самиот концепт на синдикално [само] организирање!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Сè се случува без воопшто да треба да се помрднеме кон нешто, или да тргнеме некаде“ (Вирилио). (...) Телото исто така веќе не е основен модел за една потполна структура којашто низ историјата била подлога на идеали, како научни така и уметнички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Низ историјата, тие не потклекнаа пред ниедно ропство, не паѓаа во депресија, а згора на тоа умееја да ги сочуваат македонските традиции, обичаи, верни беа на македонската носија, при тоа цело време го говореа македонскиот јазик!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Окото може да гледа назад, напред и на сите можни страни, затоа има безброј остри врвови, кои природно навлегуваат низ историјата, иднината а за сегашноста и да не говориме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На создавањето на такви предводници на единоверните расеани меѓу пространствата, државите, јазиците, низ историјата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И на Истокот и на Западов секој ќе проводаџисува за таква израилска свадба, но кога ќе дојде време бракот да се склучи, ќе има отпор од сите сватови”, му рече.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Низ историјата формалното мислење му било подредено на процесуалното и дури со почетокот на новото доба тоа истапува како „аналитичка геометрија“, т.е. како во бројки укодирани геометриски форми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Низ Тауерн, седнат во сопствената кола, само натоварен на железнички вагони, се возев десетина минути и пристигнав од другата страна на тунелот во едно од најубавите и најромантичните летувалишта на Австрија, во Бадгаштајн, кое низ историјата било прочуено и како место во кое Хабзбурзите се среќавале со своите метреси, далеку од Виенскиот дворец.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Китовата уметност се простира низ историјата на човековиот дух.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќето луѓе низ историјата живееле во мали рурални населби, но кон средината на дваесеттиот век процентот на урбано население нагло расте и урбаната популација опфаќа половина човештво.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сепак, дури и да се биде на трагата на еден толку голем писател како Набоков не е мала работа, а освен тоа, чинам, Урошевиќ, и покрај суптилните понирања низ историјата на литературата, е нешто повеќе од “човек на трага”, имено автор со веќе зрела и препознатлива поетика, и особено значаен за “новите писателски генерации” кои баш и немаат шанса на македонски да прочитаат добра авторска проза. (А.Б.)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Низ историјата формалното мислење му било подредено на процесуалното и дури во почетокот на новиот век дошло во преден план како „аналитичка геометрија“, т. е. како во броеви вкодирани геометриски облици. 112 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во играта има два натпреварувачи, елитата и масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради тоа, во текот на деветнаесетиот и во почетокот на дваесетиот век, масите ја преземаат контролата над сите сфери на социјалната структура на општеството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Елитите низ историјата, вели Гасет, беспрекорно ја контролирале масата, бидејќи размерот меѓу аристократијата и граѓанството бил разумно распореден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој продолжи, со поголема сигурност и категоричност во гласот: - Јас, сине, почнав да ги бележам жртвите на Балканот, низ историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бројот на уметниците кои низ историјата сѐ до денес, повремено или постојано земале вештачки поттикнувачки средства поради стимулирање на креативноста е голем, а нивните искуства се многу значајни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беа атавистички загрозени најголемите вредности на Албанија низ историјата: толеранцијата и верската хармонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговото срце крвари пред болката на поробениот македонски народ низ историјата и пред носталгичниот бол на печалбарот и иселеникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ историјата се познати уметници и аристократи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таквите луѓе, гледано низ историјата, најчесто биле водичи или диктатори. Како на пример Хитлер.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Она што Баба го нарекува „последователна, кумулативна временитост на педагошкото” се однесува на пишувањето, произведувањето и поучувањето на историјата, митовите и другите колективни документи преку коишто нацијата како едност се претставува себеси во смисла на една исполнета величина што постоела низ историјата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но сега беше друго, неизвесно време. Јас бев еден од ретките дипломатски донкихоти кои тоа утро сакаше да најде своја врвица на минување низ историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Документирањето на еден настан е како градење на куќа од тули кои не знаеш каде се расфрлани низ историјата. Не знаеш каде се, а треба да ги најдеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постоја така загледан со полна уста. учителот продолжи: - Сѐ што врвело низ историјата, му врвело и на селово преку глава: едни го заземале, други го преземале; едни го опустошувале, други го обновувале; едни го молитувале, други го проколнувале; едни го утврдувале за да останат вечно во него, други гледале што побргу да го напуштат; на едни им било засолниште, дом, на други гроб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- И Мајка го крена показалецот во знак на подршка на своите тврдења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А гласот навистина му беше поучен: - Секое минато поминува низ историјата, а историјата не смеат да ја прават чиновници, туку оние кои ја создавале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се велам: и робовите оделе боси... и Исус одел бос... Само босите оставале траги низ историјата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инволвираноста на САД во настаните во Македонија низ историјата, за разлика од британската и советската, била маргинална, но во текот на Втората светска војна таа била во унисон со политиката на Велика Британија во однос на настаните во Македонија и на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поголем простор во статијата Георги Пирински ѝ посветил на Народноослободителната војска на македонскиот народ, "како дел од Народноослободителната војска на Југославија", која "се бореше под врховната команда на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од година во година таа нејзина заинтересираност станувала сè поголема низ историјата, а во XX век, веќе дефинираниот интерес дошол во судир со интересите на Австро-Унгарија и Русија, а во текот на Втората светска војна со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правејќи осврт на односите меѓу Бугарија и Југославија низ историјата, тој истакнал дека дотогашниот раскол, т.е. „јаболко на раздорот меѓу Југославија и Бугарија, беше статусот на Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа Георги Пирински во статијата ја презентира историјата на македонскиот народ, задржувајќи се притоа на националноста, географската положба, а посебно на националноослободителните движења на македонскиот народ низ историјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)