низ (предл.) - збор (имн.)

Првите сончеви зраци одамна ја беа замениле светлината на жолтата ламба и тие проигруваа низ зборовите на отворените речници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останаа стотиците страници во библиотеките на Татко и Камилски за заедничката балканска историја на народите низ зборовите, на кои ретко кој им го посветуваше нужното внимание, но и неопходните заклучоци за нивното долговечно постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Искажано низ зборовите на Бароузовиот пријател и издавач James Grauerholz, „ова повторување создава една калеидоскопска димензија во пишувањето - а што друго е калеидоскопот ако не средство за бесконечно повторно спојување на делчиња?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг и лесно од мојата кошула ќе протолкуваш како проникнувала мојата душа низ зборот и низ писмото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)