низ (предл.) - дупче (имн.)

Еве, ќе гледам низ дупчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони уште не беше доволно висока за да може да погледне низ дупчето од вратата, па затоа имаше синџирче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
7. Хаосот ѕирка низ дупчето на забот (Треба да се оди на забар!), хаосот лази низ запуштените нокти (Треба да се отиде на педикер!), хаосот се најавува преку темните влакна на обоената коса (Под итно на фризер!), хаосот се пробива преку флеката на облеката (Облеката веднаш на хемиско чистење!), хаосот ѕирка низ дупката на чорапата, хаосот се заканува од секаде, хаосот чука на вратата со неплатените сметки, со можното губење на работата, со можната тешка болест, хаосот се крие во картонската куќичка на бездомникот, хаосот бревта од дебелите минувачи, хаосот се кези од лицата на наркоманите, хаосот испарува од уличните отвори за канализација, хаосот зева низ црните, запалени куќи во Бронкс, хаосот ноќе шушка од кантите за ѓубре, хаосот се кикоти од секаде, се придвижува од мрачните дупки, дебел, страшен и црн како градски стаорец... 13
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе ја подотвореше вратата со синџирчето, ќе погледнеше кој е таму, најчесто велејќи ми "чекај", иако секогаш ми беше страв дека ќе ми ја затвори вратата и нема пак да ми ја отвори како еднаш порано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Погледна низ дупчето и ја виде како стои пред вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Заѕвони. Еднаш, двапати. Чу чекори како се приближуваат, па вратата полека крцна. ­- О!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој сакаше на прекрасната Французинка да ѝ го покаже својот младешки дух - затоа, кога ќе се вратеше од работа, готвеше вечера, па со најлуксузните тренерки и спортска чанта гласно ја треснуваше вратата со надеж дека таа ќе го види низ дупчето и така ќе се заинтересира за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)