низ (предл.) - врбјак (имн.)

Додека трчавме низ врбјаците, се исушивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трајче продолжи нагоре низ врбјакот, се распули наоколу, скина едно танко врбово гранче и го пикна во кавалчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Колоната претпазливо се пробива низ врбјаците наудрени во калливото трапиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Љупчо водеше низ врбјакот до бетонскиот мост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)