низ (предл.) - таков (зам.)

Често низ таквите шифри се докажувало дека писателот на сите тие драми всушност е Бекон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ни тоа не е малку, газењето низ таков снег е вистински подвиг, но знаеше дека таквиот снег нема да ги запре татко му и дедо му за ден-два да дојдат до колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Посредното прикажување низ такви оддалечени поставки помага артифициелноста на метафората на општествениот собир на маса да стане театарски простор за јазични комбинации, а оттаму и иконографското искривување на сликите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)