низ (предл.) - каков (зам.)

Мајка не можеше да си претпостави низ каква бура мина Татко тоа утро.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никој ништо не забележуваше, а најмалку некој забележа низ каков емоционален лавиринт ги бркав своите минати и сегашни прашања и одговори.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Кој знае низ каков кошмар минала и низ каков уште ќе минува, - се сложи Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слушаа луѓето и во чудо се прашуваа: Како, низ кои далги, низ кои витли, низ какви крточини талкал и стигнал во далечната земја нивниот бик.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низ какви маки и искушенија минавме во следните три месеци, колку што траеше целиот подвиг на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби и се сеќавале за неарни мисли, зашто грев е и грешно да мислиш... Ех, душа човечка, низ какви сè темни вилаети поминува! ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја тепал жената со стап од врбово дрво и тоа по дебелите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но најмногу растажуваше сознанието дека секој разговор со него ме воведуваше во некоја самрачна просторија низ каква не бев навикнат да шетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека тој ден, пред да се разделиме, му реков: - Пријателе, сè ми се чини дека луѓето, додека шетаат по земјата, сепак не се ангели!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)