наспроти (предл.) - нејзин (прид.)

Таму се и Танаско и неговата Пена, таа насетува дека за нејзиното вработување сигурно е заслужен Танаско, сполај му на Господ, наспроти нејзината црна судбина, сѐ туку има од мајка родени што ѝ го прават животот снослив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но таквиот потег би одел наспроти нејзините надежи за радикалното редефинирање на радикалната философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Милка ја крена главата нагоре, се сретна со благиот насмев на нејзиното лице (нешто сосема друго наспроти нејзината снага и глас)
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Морате да ги пронајдете. ‌Самата итност на вашата желба ве тера да посочите, а и да разјасните (ако не другому, тогаш барем себеси) што е тоа во мажественоста на мажите кои ве палат што толку ве трогнува, какво тоа еротско значење е кодирано во една или во друга отелотворена одлика (наспроти нејзините ситни варијации) и што во неа толку ве вдахновува и ви ја прави толку мамлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пена, наспроти нејзината ситна појава, беше пргава и брборлива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа ѝ помагаше да се одмора од ноќните оптоварувања, што ѝ доаѓаа наспроти нејзината волја.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)