накај (предл.) - прозорец (имн.)

Ја разбудија в зори и таа отиде накај прозорецот, ги истера со викање, а тие хистерично врескаа зашто нивните млади гавранчиња беа бавни при полетувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ДАРА: Боже, шта је ово пуцање оволико? (Оди пополека накај прозорецот и наслушуе).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
БОГДАН: (оди накај прозорецот и cе подава надвор. Пукање понаблизу. Нови ракети).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Се заврте накај прозорецот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бев збунета.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мац, мац, ела мац! - викна со главата свртена накај прозорецот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ЧУДЕСНОТО АВТО
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Двапати остро, еднаш завлечено свиркање - нашиот сигнал - ме разбуди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Срипав накај прозорецот и погледнав: долу стоеја сите - Љупчо, Влатко, Дејко и Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Мамо! Ма-мо!“ повторно викаше Ташко и чекавме загледани угоре накај прозорците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На прозорците од третиот кат наѕреа неколку мајки, погледнаа удолу - кон нас - ама ниту една не беше мајка му наТашко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко знаеше дека мајка му е таму, зашто утрината со татко му биле и затоа задоцнил на првиот час. „Мамо! Мамо!“ викашеТашко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Седеше на прозорецот и ја гледаше вечерта како полека ја освојува улицата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А жената, липајќи, почна жедно да го пие сјајниот зрак, јурна накај прозорецот и силно ја затна устата со шамичето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тулио Бути инстинктивно сакаше да се повлече кога виде дека таа, седнувајќи, погледна накај прозорецот, но помисли дека не би можела да го види оти беше во темнина и остана крај прозорецот да присуствува на вечерата од ова семејство, заборавајќи на својата. Оттогаш секоја приквечерина, по излегувањето од канцеларијата, наместо да тргне во вообичаената, самотничка прошетка, се упатуваше право дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тулио Бути и не помислуваше што сè ќе претпоставуваат неговата стопанка и ќерка ѝ кога ќе забележат дека тој секоја вечер седи вака во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Д. се стрча накај прозорецот, го отвори, и погледна надвор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Очите на попот наеднаш му појдоа накај прозорецот и запре со читањето. Стоеше како стаписан. Луѓето зафатија да мрдаат, да шушкаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)