накај (предл.) - дома (имн.)

Кога влегов во селото ми кажуваат децата: Тасета го утепаа!, и јас набрзина се стрчав накај дома. Куќата ни беше до реката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Леле, не се сеќавам колку пати сум тргнувала, сум ја искачувала коријата, ама молежлив глас ме враќал накај домата - Ќе дојде, мајчице мила... ми вети... ќе дојде...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И една вечер, одејќи накај дома, вели: - Зошто не ми рече дека си сакал да учиш во Солун? - Не реков..
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)