над (предл.) - сам (прид.)

– Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја напуштија Маргара, оставајќи ги своите осум другари да ја топат со својата топла крв и оваа чука, како Соколот што го натопија Манол Разов и двата четника Толе ги пречека војводите над самото селце Орле, на преслапта „Мал Гарван", со сите останати четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Е, сега, другари, ајте ми со здравје кој за каде сте!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Извојува победа над самиот себе. Го сакаше Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)