над (предл.) - кревет (имн.)

Таа повторно се наведна над креветот и нејзиниот здив заедно со здивот на другиот, испари во неговиот систем за дишење и го пренесе неверството во неговиот крвоток.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во собата, над креветот, виси сликата на Ататурк; смела и решителна физиономија, која успеала турскиот народ да го поведе против заостанатоста, а за нов и понапреден живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чана ја насети вознемиреноста кај Пелагија па и таа ја исправи својата крупна снага над креветот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)