на (предл.) - НОБ (скр.)

Британските воени мисии во Вардарска Македонија за време на НОБ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во рамките на единиците на НОБ влегле и антифашисти од редовите на Албанците, Турците, Власите, Ромите и Евреите од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како одговор на сѐ позасилениот разгор на НОБ, бугарските окупаторски сили извршиле повеќе масовни злосторства врз цивилното население во Македонија (стрелањата во: с.Дабница-Прилепско; с. Ваташа-Кавадарско; с.Пуста Кула-Велешко и др.)
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија се совпаѓа со широкиот развој на НОБ и преминувањето на повисок степен во организацијата на воените единици и создавање на регуларни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Особено големо влијание во пропагирањето на НОБ на народите на Југославија, а во тој контекст и во Македонија, имала радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Томо Ристовски, Влијанието на НОБ врз германските интереси во Македонија во текот на 1943 година со посебен осврт на Прилеп и Прилепско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)