на (предл.) - утрински (прид.)

Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
2 Повторно утро, топло сонце и желба за пливање. Пак се најдов на Канео..., иако рано веќе имаше неколку добро истонирани машки тела за плакнење на утринскиот мамурлак.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ема со својот џип влезе во дворот на Прифатниот центар по завршувањето на утринската гимнастика на жените.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сиво ноемвриско утро. Излегувам на утринска прошетка на St. Marks Place.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На ова и се заврши разговорот за одењето на утринска литургија во црквата Света Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Недостигот на цигари, кој привремено беше решен уште во првите денови преку една од болничарките која скришум ги продаваше според цената на златото, повторно почна да ја мачи кога ги потроши малкуте пари што ги имаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Та и јас го сторив истото! Ја пронајдов убавината! Летав на утринскиот ветар. Од височините гледав на заспаните куќи и градини.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Спроти ѕидот на градината ги гледаше стражарите како ја палат прекрасната машина од хартија и бамбус што мирисаше на утрински ветар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со него се полни колоните на утринското издание на еден голем дневен весник, кој себе си ласка дека има новинари коишто добро пишуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа дава една вербална клоака која глатко тече, со убаво срочени реченици, и ситна, безопасна досетка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)