на (предл.) - тотално (прид.)

Улогата на „Маргиналец“ е една синтетичка професија произлезена од искуствата на Ghost-busters, Роџер Ребит, Терминатор, Бетмен и Даркмен, и која (професија) во оваа ера на тотално прешалтување, спрема сите индикации, ќе станува сѐ попопуларна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова е најекстремен пример на тотално неекспресивен, чист (апсолутен) документаризам во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со нив се предвидувало: „а) Условите на капитулацијата мора јасно и точно да бидат ограничени на непосредните воени објекти на локално ниво. б) Вие не треба да давате никакви ветувања. в) Капитулацијата треба да биде јасен предмет на кој било инструмент на тотално предавање кој подоцна може да се востанови од Обединетите нации во однос на германската висока команда и/или влада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Реалното време на филмот, или како што Ворхол го нарекува „протекување на времето во внатрешноста на кадарот“ и во овој, како и во други случаи, се покажа како неиздржлива постапка за гледачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)