на (предл.) - тесен (прид.)

Слеани во едно подвижно, преплашено, чудно тело, тројцата потонуваат во темнината на тесната улица, полнејќи го просторот со викотници и плач.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го откачува од клин своето палто и седнува на тесниот кревет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Единствено знаење што го имаше, беше тоа дека треба да се ужива во видливите нешта, содржајните својства на бикот Чако кој беше горе на врвот, и многуте можности да се дојде до мноштво исти такви уживања, содржајните, својства на дијамантот, што беа на дното на тесниот бунар!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше и денови кога ветерот ѝ го поткреваше фустанот откривајќи ѝ ги белините на ципите, или кога при разминување на тесното скеле ќе им се поджулнеа телата или кога ќе му подаваше цигли под него, а тој слободно ѝ ѕиркаше во нејзините гради низ широкиот отвор на фустанот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седеше колку што можеше понеподвижно на тесната клупа, со рацете прекрстени преку коленото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вкочанетоста од долгото седење на тесната клупа беше толкава, што често стануваше и шеташе низ ќелијата, неопоменуван од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Емплфорт, премногу голем за да може удобно да седи на тесната клупа, се вртеше час на една, час на друга страна, прекрстувајќи ги своите долги раце час околу едното колено, час околу другото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)