на (предл.) - телефонски (прид.)

Камерата беше запакувана во нешто што личеше на телефонски уред од тоа време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И слушаш како искрено го пренесува својот проблем на телефонска, „вруќа“ и изгор скапа линија во живо, како онаа „простата“ му ја зела моќта со вуду моќ, а го слушаш и советот од специјалистот: „Није од просте и бивше, веќ од простате, пријатељу... Видим да сте у шоку... пријатно!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А на телефонските столбови број не им се знае.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А на телефонските столбови број не им се знае.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
(212) Така функционира досадата, како болно опсесивен паразит на телефонската мозочна линија која нѐ поврзува со животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пролетоска направи толкави измени на телефонските броеви што тоа беше неизбежно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)