на (предл.) - пресен (прид.)

Рацеве уште ми мирисаат на земја. На пресен гроб ми мирисаат и ми е страв да го допрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наоколу мирисаше на догорени свеќи, на лански босилек, на пресна земја и на некоја старечка издишка што поминала меѓу расипани заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Отпрвин сеќава на подолги интервали, а потоа забрзано, струјкање на пресен воздух.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)