на (предл.) - нервен (прид.)

Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаев дека ако останам ќе требаше да завршам на нервно, а немаше никаква потреба да се прави толкава жртва, ниту имаше за кого. Тој не вредеше за толкав труд.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)