на (предл.) - негативен (прид.)

Помислив дека започнува да се одвива варијантата на негативното сценарио на моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Каталог, всушност, тоа е список на загадувачи според степенот на негативните емитувања во текот на работењето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Упорно пиев од водичката, што ми беше за чистење на негативната енергија и влијанија. Упорно животот ми стануваше сѐ похаотичен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Напишете ја тагата, напишете ја болката на лист хартија, напишете дека сте си простиле на себе и на другите, ќе почувствувате ослободување од стегите на негативните чувства, јасност и што е најважно надеж.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)