на (предл.) - националистички (прид.)

Тука лежи смислата на ‘националистичките’ провали последниве години...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Есенцијалистичкиот влог на националистичкиот конструкт Претходно споменав дека дихотомијата есенцијализам-конструктивизам ќе ја третирам како „патоказ”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1885 год. таа насилно беше присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби војната, со што се создадоа нови околности за развитокот на националистичките пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Според Захаријадис, вели Оливера, и тој станал жртва на националистичката империја на Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште тогаш во Тунис ми зборуваше за својата опсесивна тема на идентитетите, (подоцна ќе напише книгата Погубни идентитети).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За други теоретичари, границата е природна ако таа одделува групи од различна раса, јазик, или култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, „природноста“ на овие граници обично е повеќе привидна отколку стварна: зашто расните, јазичните и културните разлики премногу често се манипулирани од страна на националистичките идеологии кои сакаат да ги легитимираат веќе постојните граници преку создавање, јакнење, или истакнување на овие разлики a posteriori.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега полнат големи сали - иако сѐ повеќе сали не сакаат да приредуваат рап концерти заради стравот дека насилството ќе се прелие од сцената меѓу масата луѓе.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1990 ревијата Newsweek вака го опиша продорот на рап музиката: “Иако поголемиот број Американци најверојатно никогаш не чуле за нив, тоа не се никакви опскурни групи, што свират по гаражи и ноќни клубови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)