на (предл.) - мировен (прид.)

Меклин ја спомнал и можноста за формирање федерална држава, која би била составена од Југославија и Бугарија, а кон која би се приклучиле Грција и Албанија и во која, според Меклин, границите на „идеална Македонија цврсто би се формирале“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врз основа на мировниот договор помеѓу Англија и владата во Анкара за размена на затвореници, ќе биде најпосле ослободен Татковиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пировата победа на Арафат ќе го доведе според словото на мировниот договор во Осло, во својата малечка Палестина, во Рамалах.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Македонија е единствен центар и претседавач на мировната конференција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)