на (предл.) - меѓусебен (прид.)

Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По поделбата со демаркациона линија, Македонија била постојан предмет на меѓусебни спорови меѓу Бугарија и Италија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За надминување на истите била формирана мешовита комисија која на 29 март 1943 во Тирана го потпишале договорот за демаркационата линија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)