на (предл.) - манастирски (прид.)

Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета: — Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во гостинската соба на манастирскиот конак седнал Петре, навален со едната рака на прозорчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Прибери го коњов, - му рече уште посербез Панде, и, без да седнува да си почине, тргна накај градот по познатата стрмна уличка, по која се искачувал и порано, со татко му, за време на манастирските празници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Игуменот нѐ почести со вруќа ракија во една од собите на манастирските конаци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, ни на манастирскиот измеќар, ни на другите, не им беше судено тој ден да оплакнат образ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потајно се радувале што тие луѓе од она село чие име тешко се запаметува им го донеле од шума попот: светците на манастирските ѕидови изгледале повесели кога од олтарот доаѓале во густи и бавни бранови свештенички песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе неколку дни ваделе камења за оние што сакале да станат воденичари на рекичката Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)