на (предл.) - воден (прид.)

Во меѓувреме, овде многу се смета на подобрувањето на водниот биланс со пречистувањето на отпадните индустриски води.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Каналот требаше да биде долг двесте дваесет и седум километри, од што триесет и седум вештачки канали, поврзувајќи сто деведесет километри езера и реки, со деветнаесет прегради, со кои се подигнуваше нивото на водените текови, за овозможување пловидба, четириесет и девет насипи, петнаесет брани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жената, за да ги избегнат барите, го поведува девојченцето по мократа асфалтна патека, испруженото тело на водената змија. – Ќе задоцниме – ја забрзува внучката, и себе си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Често се пијанеа, меѓу ѕидините на тврдините, но и такви не можеа да го избегнат шумот на водената пустина. Беа отсечени, се раѓаа и умираа сами, беспомошни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)