на (предл.) - влезен (прид.)

Велат дека сум била многу мала, па не можам да се сеќавам на моментот кога тој во војничка униформа се појавил на влезната врата со најголемиот букет цвеќиња за мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ќе влезеш на влезната врата, веднаш пред тебе е долг ходник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И одам. Еве сум на влезната врата и тука како да заглавив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги прими пакетите и, колку и нетрпеливо да ги очекуваше, сепак отиде прво да прилегне, при што речиси веднаш зајде во тврд сон, но по нецели петнаесетина минути на сон му се чу како ѕвончето на влезната врата ѕвони со некоја несфатлива алармантност, па се разбуди целиот испотен, недоспан и до преплашеност изненаден дека ѕвонењето на ѕвончето на влезната врата било само сон.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мене не ми ни падна на памет да ѕвонам на влезната врата од нивниот стан.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од прагот на влезната врата каде што седеше, Петре ѝ рече на Ѕвезда: - Ѕвездо, ајде кажи ја Петре- Петре Пиралче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Автомобилот-бубачка заѕуни на влезната патека. Господинот Морис. Госпоѓата Морис се насмевна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сеќавам на влезените божилаци низ витражите во париската катедрала Нотр Дам, како своевиден празник на боите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)