на (предл.) - сите (зам.)

На сите по нешто им недостасува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој беше едно такво занесено човече, со оние свои чудни мисли, така што по цели денови му се сновеше низ главата дека и човекот, како и сите други живинки, што ја лазат оваа земја, би требало да чекори на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги обедини надежите на сите поробени, понижени, запоставени, исклучени, отфрлени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потомства и потомства на мојот народ исчезнувале уверени дека еднаш ќе живеат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Всушност, тој е тој што ги знае сите јазици на сите животни и неживотни со кои мора да општи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ги набљудувам низ стаклото на експрес – ресторанот како на сите страни се разлеваат и се претопуваат во Градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истовремено од југ, од насоките на селата Косинец, Лабаница и Смрдеш и од север, од Клештина, долж грчко-македонската граница во насока на Герман, иако со голем загуби, владината војска прави напори да го затвори патот за отстапување, преминување во Албанија и со тоа земање во силно стегнат обрач на сите единици на ДАГ од целиот реон на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А Турците? Тие на сите страни испраќаа потери и токму него го бараа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во замена за тоа Турција ќе ги прошири правата на сите македонски народности пред законот и во административното управување и ќе го покровителствува националниот развиток на сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
4. Заеднички множител или рекапитулација, т.е. собирањето на сите мотиви на песната во заклучниот стих.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Проклет да бидам, на сите сектори лагата цутеше како пиреј. Се колнам, стоотстотна лага.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Извесно е дека само чекор го дели пантеизмот на “магичните” маниристи и “панлогизмот” на “мистичните” маниристи, како што е еднаква оддалеченоста и помеѓу “деформацијата” на Понтормо и Макс Ернст и “анаморфозите” на париските минималисти и апстакциите на Пол Кле.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Честита ви Нова година на сите ... Арна компанија сте се собрале...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Мајка ми плачеше со месеци на терасата на која баба ми го плетеше највкусниот кукурек на сите времиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, новопечен градителу, нека ти помогне Големиот архитект на небото, создателот на сите светови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа намера го тераше да смислува најразлични начини како да ја оствари, но на сите патишта пак му се јавуваше потребата од посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Страмежливо со рафинирана скромност елеминирање на секоја дивергенција, спротивставеност со надворешните дразби, кои ќе ја нарушат интимната исповед, покажувајќи ја мојата ранливост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потсетете се на сите знајни и незнајни борци што ги положиле животите за слободата што ја живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Те прашувам, но, се прашувам и самата, како е можно скинатото парче „коприна“ да биде мерило за женската верност или неверност? - рафалите на Рада не престануваа, куршумите летаа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика.  За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
КИБЕРРЕЛИГИЈА НА БЕБИ- БУМЕРИТЕ До 2000-та година преокупациите на беби-бум генерацијата ќе бидат дигитални или (ако ги употребиме старите парадигми) филозофско-спиритуални...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го чувствуваше оловниот притисок што беше стежнат над целиот предел, над главата, врз погледот, во душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Господ им помага на сите, вели, и затоа не може да им помогне на сите... 136
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае дали на сите вака им иде кога ќе се сретнат со смртта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
НОЌ Големиот салон на Еди Краста е преполн. Сите се свечено облечени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков, имам документација и за гробиштата. Ги имам фотографирано сите шест што не се потопени и имам опис на сите. А случајно имам фотографии и од некои од потопените.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми одговори: - Не се мои, ама се жедни. И продолжи да им разнесува вода на сите дрвца во градината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Според него, осаменоста ги истакнала „можностите на сите луѓе да бидат креативни суштества и... прашањето (формата) за општествената потполност (сеопфатност)“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Свадбарите викаа, пееја, тапаните тумбаа, свирките пиштеа, се разлеваше викот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А пак за она што ни е заедничко и ни служи на сите нас што живееме во една зграда, во една населба, во еден град, во една земја, уште помалку водиме грижа!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Александар не ја поднел разумно загубата на Хефестион, па наредил: Во знак на жалост на сите коњи и маски да им се истриже главата, на околните градови да им се урнат запците на ѕидините.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
До откривањето на историјата на вистината, според татка, преостануваше да се читаат книгите на сите времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мирот, сеприсутен во зборовите на сите, стана сеотсутен од реалноста во која живееше кога започнаа да гинат луѓе, а нивните имиња, чинови, возраст, семејна состојба стануваа познати за сите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ти како сакаш„, ѝ рече на Тодора, „ама јас на огнот сум вечен роб уште од раѓање, а само господ знае дека на сите тревата ни е прва одежда, а црвите вечни гости”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да експодира некој презгуснат простор во чие средсреде бев јас и сега честичките се разлетаа на сите страни како снегулки а јас половам среде тој облак од снегулки што се шири, се шири...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Расколот и омразата беа присутни на сите страни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Програмата, драги гледачи, продолжува со реклами за ретардирани, бесконечни репризи на Френдс, музика со пејачи у ѕвонарки и крагњи „додирни ми колена“, преноси од погоренаведените најбитни спортови, свештенички проповеди на сите јазици, телешопинг у неограничени количини, понекој филм со Бастер Китон и Марлен Дитрих, па пак реклами за уште поретардирани...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се фатив за глава. - Ама што ви е на сите?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Речиси разочаран, пак се најдов во холот на станицата, по потрага по некој сонародник, зашто наши луѓе можат да се сретнат на сите перони, на сите станици во Западна Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седат заедно во мала, зачадена крчма, а тој, убиениот хирург, им наздравува на сите ножови на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На татка веднаш му стана јасно дека таа мисли на козите, на козите на соседите, на козите на сите семејства на Козар маало...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така вели: „... Се зборуваше дека тој (Никола Поцо) ја извалкал честа на сите наши домаќини.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мангупот стана мангуп и пол, а јас пропушив цигари, со обука на Црвот од класот, за на детски начин им покажам на сите, ете, колку боли.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И вравот го сакам, вршалка со коњи и гласот на јабокарот јаболка што дели мера за мера на сите им дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секогаш се трудеше во секоја од нив да го стави токму она, по што беше посегната таа, а многу често притоа знаеше да забележи дека всушност и тој има едни две сосема исти како оние раце, тоа беше добро видливо секогаш, кога ќе ги добереше до нивните раце што бараа, своите, што подаваа, а после мислеше дека е и тој еден многу сличен човек на сите овие луѓе, што му доаѓаа и со кои работеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше османско движење кое поаѓаше од идејата дека граѓанските права требало да им бидат дадени на сите народи на Царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ само Германци да бидат. Ханс, Хубер, Вили, Бене, Енес... Им ги знаев на сите имињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се влечеше по талпите надолу до земјата на сите четири; прстите му беа полни спици и му крвавеа, но тој не можеше ни да помисли да се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес има многу книги, достапни им се на сите, па има и многу повеќе читачи одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа пак почна да трча речиси избезумено од расто што му ги раскинуваше градите: ја дофати високата библиотека, со прстот ја допре рамката од сликата, само малку се поткрена и можеше слободно да гледа низ прозорецот, а кваките на сите врати ги отвори лесно... лесно, како да е тато!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеби ова е некоја нова чума што удира само на добиток. - Сеедно. Ќе печеме месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Планините го отежнуваат соединувањето на сите Македонци за заедничка борба со непријателот, а пак им ја олеснуваат работата на Византијците, зашто со разместувањето гарнизони во нив тие можат да ги држат Македонците во послушност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
150. Кралот Марко (ок. 1335-1395) е последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и на сите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку само ужаси, крвопролевања, несреќа, жртви! За што? За јад и беда на сите нас!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Можам да замислам како хипертекст свеста се шири на сите нешта кои ги примаме, а не само на она што го читаме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А логотетот тогаш заповеда да се донесат тринаесет книги и тринаесет калеми, за да се озакони и на писмо волјата Божја што проговори низ устата на Стефан Лествичник и низ устите на сите нас, дванаесет на број и логотетот, тринаесетти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според него, спроведувањето на сеопфатна и инстантна приватизација, функционирањето на економијата со што помала државна интервенција и вербата во семоќта на приватната иницијатива ќе доведат до подигање на животниот стандард на сите граѓани, богати и сиромашни, на нивото на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Интересен случај - не пропушти да прокоментира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Им одговорил истрел - пак кон нив, неодредено, во месото на сите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И ни вели тој на сите како што бевме собрани во училиштето: кучиња повеќе во селото наше нема да има! До едно мора да бидат поштомени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги изнајде и трпките преболености на сите болки во своето отпуштено тело; ги изнајде и сите истрпнати морници по својата кожа, а ја најде и таа лабава апсолутна отпуштеност во сите свои делови, во која не постоеше ни најмалечка желба за да се направи ниедно, ни најмалечко движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На сите маки, Мајка за последен пат забремени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајката, дали овдека е крајот на сите патишта, си мислиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поезијата го следи човека на планетата Земја уште од самиот изгрев на неговиот живот, запрашан за неговата мистерија и неизвесност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еве, на пример: Секогаш кога ќе го слушнам тој збор, ги гледам членовите на сите комисии (жири, за избори, за селекција) како подготвуваат смеса што треба да ја запржи одамна приготвената манџа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ му се виде слично како на сите беговски кули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа треба свето да ги чува правата на сите христијани, а не да ги жртвува правата на едните во полза на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: „Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели. Најпосле го изговори и моето име: „Бошко Стојчески, вели, - одличен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И за секоја инспирација која исцрпена од нив, за да се пренесе на сите како одраз на времето, неблагодарно кон нив, ја фатив во стих.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Пациент 1: Советување, во однос на сите грешни постапки. Повикување на свеста и емоционалната интелигенција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некои работи останаа некажани, секој нека суди по свое. Романот го посветувам на сите што научиле како се сака....!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Стариот „Ратхаус“, лајпцишката општина, беше собиралиште на сите странци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И кожата му мирисаше слично, му беше мазна, топла, темна и оптегната над цврстите мускули од рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такви заверки не им се даваат само на Словените Ами на сите кои отшто си ги вардат сопствените образи Ѓоа не ги разбираат потребите на новото време
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Келнерите со послужавници забрзано шетаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И што е уште полошо, им ги полнела со свилени чаршафи устите на сите што во знак на одмазда и ‘рчеле во ритмот на Радетскиот марш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Допатува во Глупов на бел коњ, ја спали гимназијата и ги укина науките. 126 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој сакаше со помош на уметничката топлина да го излечи германското патолошко затврдување во тоталитарен режим, што се одвивало за време на неговото детство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неколку животи живееше во еден. За доброто на сите нас.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Штотуку комплетираните резултати за производство на сите видови артикли за широка потрошувачка покажуваат дека животниот стандард пораснал за не помалку од 20 отсто во текот на изминатава година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му реков дека навистина бев зад ридот, тој не можел да не го види тоа зашто секогаш очите му гледаа на сите страни, но дека не знам за кого ме прашува, дека не знам кој е тој зад ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашите противници велат оти сега не му било времето да се подигаат национални прашања во Македонија, кога е зборот за едно сносно постоење на сите народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од укинувањето на прохибицијата 1933. година, прописите во врска со продажбата на алкохол не се исти во законите на сите сојузни држави. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа, да се направи сосем мал проспект (околу три страници, на сите јазици) - во овој проспект би ги наброиле доблестите на дадаистот: со еден збор, инсигнијата за еден долар или приближно толку во другите валути би ја купувале луѓето од сите земји - чинот на купувањето на оваа инсигнија купувачот би го посветил како дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
_______ 24) уќумат - власт 25) Се мисли на подготовките на востанието во Ерменија и Кипар 26) Се мисли на клучот со кој можат да се прочитаат шифрирани тајни писма од кои Организацијата се служела во преписката
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да се суди за себеси во историјата од позиција на владетел значи и соочување со фаталноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашето задоволство бараше да се изрази и после првото интензивно заедничко навлегување во нашите личности, достигнавме рамнотежа на сите сили кои нѐ сочинуваа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ме бараа многу, дури не можев да одговарам на сите тие барања. Но не те заборавив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Духот: Разбирам господарке, заповедајте!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Штом се искачи горе, Бојан прво застана, полнејќи си ги градите со опивната миризба, настаната од здружувањето на сите миризби што ги испуштаа сеното, сламата, овошјето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А понатаму? Направени се планови за зафаќање и рационално користење на сите слатководни извори, а особено за користењето водите на Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука пристигаа и заминуваа, се празнеа и одново се полнеа бродови, донесуваа и однесуваа производи, лични и трговски добра, но и луѓе, судбини, надежи, пораки, усно доверени вести и епистоли забележани со писма кои се читаа, се пишуваа, но и се испраќаа на сите можни страни на морската шир.  Карер го сврте погледот кон разбрануваното море над кое се пластеа сиви облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До буква ѝ веруваше на сите изговорени зборови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овојпат нејзината ураганска сила одолеа на сите нови премрежија што им стоеја на патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но требаше да има цел ред докажувачки оти работата на комитетот не е врзана со интересите на соседните држави и народности, а им противречи и е во полза не само на господствувачките, но и на сите други националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требало да бидам машко дете. Но, ете, за инает на сите, се родив девојче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нешто како помошник сметководител на сите мензи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тоа време позорникарите добиле толку голем страв од мртовците, што одбегнувале дури да ги фаќаат и живите, туку само оддалеку подвикнувале: „Еј, ти, гледај си го својот пат!“ – и мртовецот- чиновник почнал да се појавува дури и преку Калинкиниот мост, ширејќи голем страв врз сите плашливи луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ние испитуваме дали овие организми им соодветствуваат на сите биолошки закони, пред сѐ оние на Мендел, а настанатите форми ги подвргнуваме на Дарвиновата морфогенеза, значи ги пуштаме да се развиваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Следните денови им телефонираше по азбучен ред на сите што ги знаеше во Барселона.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секаде каде што ќе сретневме луѓе, познати и непознати, добри и лоши, на сите им го кажувавме името на нашата мајка, името на нашиот татко, имињата на нашите сестри и браќа, нашите кришни знаци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нивното испосништво е потребно за доброто на сите луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Чистокрвни Македонци,чеда на А. Македонски, силниот и храбар КРАЛ на најголемата империја на сите времиња...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога се обидов, тогаш јас сѐ уште во повоздигната расположба, да му речам да каже на сите, дека треба да се направи прослава по повод завршувањето на водоводот, тој се сврти: „Ами ние прославивме“, рече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Од мене олку... Ајде да запалите!“ На сите ни подаде по една цигара. На сите ни ја принесе запалката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сепак, се бранев од мислите. Ама напразно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тито – Чанга! – се слушаше на сите страни, како во времето кога се извикуваше „Тито–Сталин”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудна работа ми паѓа у очи како тоа на сите јавувачи успех им стои, а толку несреќни се јавуваат кај дотичнава особа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го носев во себе своето проклетство да им верувам на сите Марии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Шо велите вие на вој збор? Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок ѝ донесе чичко ѝ Трајко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преживувањето станува неподносливо кога помислувам на лудаците кои и понатаму стојат на кормилото на разбиениот брод, на сите оние страшни, испотени балкански властољупци кои се поиграле со милиони животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но многу повеќе за мојот срам: плачев и удирав до болка со тупаниците по меките лица на децата, ги кршев навечер туѓите прозорци, им нанесував штета на сите од улицата колку што можев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но меѓу оние што беа за радикално решение на козјото прашање – за уништување на сите кози, не доаѓаше предвид никаква отстапка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој од нас тоа не можеше да го осознае без да пробаме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Завршува програмираниот рецитал на водичите - конзерватори на Атеистичкиот музеј, претставувањето на сите сектори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Си изгледаше храбар и силен, и залудно досега потурнат и покорен, и бидејќи за ништо изгубил толку време, куц-куц, ни едно, ни две, туку се упати право кон софрата околу која седеа мутесарифот Абдула-бег, двајцата кадии и мулата, диздарот и неговиот кетхуда, ама и алајбегот, заповедникот на спахиите, па направи брзо темане, и на зачуденост на сите, без покана седна до нив на сеџадето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со нежност и со благодарност се сеќавам на сите свои учители, на нивните ликови, на нивните гласови, на нивниот од, смев, лутина, на нивните имиња и презимиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Баба секоја вечер тивко влегуваше во капеличката и се молеше за здравје на сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиното се знае. Ќе самее до крај, крај Езерото, во пригушен довик на сите свои заминати, престорена во жив светилник на надежта на заминатите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
-На сите други учесници, мислам пред сѐ на моите врсници што ме исмејуваа, она што се случуваше веројатно им наликувало на скеч или на хумореска во која, за жал, јас бев исмејуваниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Онисифор Проказник гледал зад неа, во древниот ѕид на манастирот. Врз едното око му лежело густо перче коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Е па, ти побарај татко ти да те научи!“ се налути Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, како еден вид компензација, не знаеме само дали поради грижа на совест на законодавецот, е воведена една друга слична одредба, којашто е порестриктивна vis-à-vis претходната, бидејќи се однесува не на сите видови одмор, туку само на годишниот. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во името на сите другари ми одговори Водомар: - Слаби сме за борба.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доколку имаат намера сериозно да се позанимаваат со проблемот на наркоманијата, Соединетите Држави треба да ја надминат расправата за легализација која во прилична мера тапка во место, и да формулираат една уверлива, политички реална борба против наркоманијата, во која правосудниот систем би бил подобро насочен, иако неговата улога би била намалена. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веруваше дека само разумот може да ги урне илузиите, и своите претходници ги бараше во сите оние кои повеќе му верувале на разумот отколку на религиозните догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе се зацрвенеше и не можеше да престане.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според Зефиќ овој нивни „аргумент“ е класична манипулација и невистина, а на сите вработени во оваа установа им е јасно дека таму отсекогаш како референти работеа луѓе со средно образование, затоа што се работи за чиста техничко- административна работа (per analogia, тоа би било како докторка да биде преместена да работи како медицинска сестра!?).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како да постоеше голем центар што ја планира среќата на секого и на сите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога сум стигнал до предградието, пред огромната замрачена зграда, ме преплашила тишината оти ни жива душа надвор... на сите куќи прозорците се темни... во фабриката тика так тика так...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шабтај се сети дека таа песна не се пее за Ханука, туку за празникот Песах, а потоа зауши дека нејзината мелодија се меша со нови и нови, сериозни, тажни и весели созвучја од псалми и радосни песни што се пеат по повод различни празници во домовите и по синагогите на иврит, на јидиш, на ладино, на германски, на арапски, на грчки и воопшто, на сите јазици на кои говореле припадниците на избраниот народ на Создателот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да ти ебам мајката. Да им ебам мајката на сите.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седни до мене и, долго и широко, раскажи ми прво за твоите впечатоци, потоа за впечатоците на сите други, што ме гледаа и слушаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кај него јадев, пиев, ноќе ви додевав на сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дипломатијата добиваше нови репери од националистичките агенси. Тоа се насетуваше на сите страни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постоеја исто така и со шепот пренесувани приказни за некоја ужасна книга, некаква збирка на сите ереси, чиј автор беше Голдштајн, што потајно циркулираше наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ваквата ревносна посветеност на политичките и бизнис елити кон создавање на претприемничка клима која дополнително треба да ги привлече странските директни инвеститори е секако на линија со дводецениската заложба на сите досегашни влади во нивните обиди за беспоговорно прифаќање на диктираните механизми за економска 1 Карл Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 134. 7 консолидација и конечно приближување до западниот стандард.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Не може ни Господ да ме разубеди дека Големиот Брат не води тачна евиденција кој, колку и кога пие, колку троши на сите облици на пороци и слично.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А покрај тоа, на сите нам не можат татковците да ни бидат ни полјаци ни пандури во општината, како што е тоа татко му на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Време е за преиспитување и убиство на суровото проклетство време е за себеспознавање на сите фекалии оставени зад нас
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Можеби ќе ме води човеков со два гласа?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повоената генерација на разузданите, “авто-центрични” индивидуи започна да се појавува токму во моментот кога новите психоделични-кибернетички мозочно- променливи технологии им станаа достапни на поединците. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 55 МАРШАЛ МЕКЛАУН ЈА ПРАВИ МОЖНА КВАНТНАТА ПСИХОЛОГИЈА Овие нови бебиња беа првите телевизиски видови, првите човечки суштества кои користеа електронски дигитални средства за да се приклучат и да се уфрлат во реалноста, првите што користат невротрансмитерски хемикалии за да ги променат сопствените мозоци; првите жители на “глобалното село” овозможено со помош на телевизијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имено, таа е прогласена за технолошки вишок и, од страна на работодавачот, и е врачено отказно решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа ги отвори и прозорците на другите одаи во куќата и на сите простории; ги отвори и долапите, и шкафчињата, и ковчезите, и ношвите и сѐ што можеше да се отвори во куќата - за да се истисне отсекаде воздухот што го дишел Илко, сѐ да се испроветрее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Инаку, кој му дал право на комитетот да работи од името на сите Македонци и во полза на сите нив?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е цел достојна на сите нашите напори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го покренавме прашањето за враќање на сите деца-бегалци од Егејска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пијана од сопственото доброчинство, што и го вдахнал нејзиниот татко Добре, најдобриот човек на светот, доскорешната кукла, а сега највисоката, најкитната мома на сите времиња на светов, Нова Година, една цела недела не се сети на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
НОВИТЕ ДАМИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Внимателно ја набљудував за да откријам дали е сосема искрена, или по малку и се преправа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На сите дечурлиња им обеси околу врат по еден ѓердан најразновидни бонбони, па и по некоја свирка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа е случај кога отсуствува надворешна сличност на знаците- симболи од писмото со објектите од реалниот свет, со кои тие корелираат, а како пример на ваков тип на писмо можеме да ги посочиме броевите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во битките смртта на сите вам венец ви сплете на гради камен ми кладе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа раскајување е влезено длабоко во душите на сите Руси, кои сега не сакаат ни да чујат за некакви „братушки”, а особено за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На сите лица се покажа загриженост и очаеност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со својата прекрасна, кротка насмевка ни го разубави денот на сите. Добриот чичко со лопатата!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да, ова е сигурно крајот на посетата на Атеистичкиот музеј. На сите ни олеснува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го обвинуваа за арогантност, нескромност, за неодмерено покажување во јавноста.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овој Конгрес ќе ги одушеви вашите пријатели, роднини и другари, кои водат и продолжуваат да водат борба за слободата на сите ваши браќа и сестри ширум окупираната Европа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Коле се свртува и со цврсти стапки го пречекува: - Учителе, од името на сите, ве молам да нѐ земете и нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Протестантството и католиштвото во Македонија имаат само религиозни цели, оти претставниците на овие пропаганди со уважение се однесуваат спрема сите и најдробни национални особини на сите македонски националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ни е влезен во генот на сите нас што овде живееме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа беа само имиња на цркви. На сите лондонски цркви, односно, на сите главни цркви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имотските луѓе, кога пристигнуваат, сите наеднаш и на сите наеднаш им велат Добар ден а Максим вели уште и Седнете, луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Оние кои владеат наследници се на сите претходни победници.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јаничарите биле јаничари. И исламизацијата било познато како се вршела.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
44. Карактеристично е дека во првиот прилог од книгата Мисирков редовно употребува “македонски народи”, “македонски народности” и “Македонци” за означување на сите жители на Македонија, додека со “Македонски Словени” (како што пишуваше, на пр., и П.Драганов) ги означува припадниците на македонската нација, Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе барам дружина и со неа ќе отплатуам на сите народни јадачи, па макар тие биле крстени или некрстени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За големо чудо на сите ни успеа да го повлечеме првиот чад.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, во чие име требаше да цркнат сите кози? Козите на сите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, се чини дека тоа било највистинското во овој живот, така ми стои сега, и дека тоа треба да стане судбина на сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страста е корен на сите гревови и зла кои го разурнуваат телото и душата и го навлекуваат гневот на бога; зашто тој сè следи, сè гледа; го гледа и она што за нас е невидливо; ни борави во мислите, ни ги открива намерите, тајните; се мачи и сè чини да нè одврати од лошите намери и да ни го покаже правиот пат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивниот азимут ќе ги води кој тајните на сите каси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа изучувањето на таа задача и исполнувањето нејзино бараат учество на сите Македонски Словени во неа, без разлика на верска и национална боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму тоа. И во неа е смислата и оправданоста на сите стравови, сомневања, страдања. Среќа и крај во тишината на скротената совест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Доне ја стави капата на глава, тргна и Гоце му порача: - Поздрав на сите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш Димитар Зојчев се насмеал, ја затворил тетратката, ја оставил на масата и станал: се прешетал низ канецларијата, потоа застанал пред Ристета, му ја ставил раката на рамо и му рекол: Во времето кô се ѕидаше црквата, во 1895 година, јас бев учител во Потковицата и го водев списокот на сите кои даваа пари за ѕидање на црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неа им ја оставам во наследство на сите тишки што живеат во неа. Полин”. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Владата мора да покаже дека е вистински посветена на целосната интеграција на сите етнички групи во земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таму, каде што можете да ги учите луѓето на добро, таму каде што диши народната душа, таму е изворот на сите радости од животот, синко мој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој­ тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но затоа пак денеска, на пладнина, се оди в црква со леб, со подароци, ракии, вина, мезиња и тука им е местото на сите. Особено на момите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој им зборуваше на „советниците“ што седеа на масата, но неговите пламени зборови достигаа до ушите на сите селани, дури и до ушите на оние што не гледаа — од сред чаир.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но таа беше бесполезна, па и опасна, не само за тие што се критикуваат, ами најпосле за тие што критикуваат: Комитетот беше сесилен; тој ги имаше во своите раце животот и смртта на сите граѓани и не примаше никаква критика на своите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоалетата и партнерот беа најважните детали кои ги преокупираа мислите на сите матуранти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со таа метафизичко-религиска „инверзија“ маниристите на сите времиња по сѐ се дел од традицијата за нив особената принуда на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Врсник си им на сите добрини.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако ја вкусија и пофалија мајсторски подготвената баклава, Камилски се најде повикан да се доискаже за потеклото на баклавата: Постојат тврдења дека баклавата прв пат се појавила во Централна Азија, според други во античка Грција, а според трети во Сирија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рада од Бечеј, на разочарување на сите, се врати без торби полни пари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа му рекла: „Не крадам од никого. Овие тревчиња се селски и на сите.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа запирање, тоа воздржување и молчење во текот на подготовките на сите мои книги од „Дождови“ до денес не стаса до онаа критичка точка преку која стиховите за Рацин требаше да минат, да ја надминат.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сите страни по него биле организирани потери.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Не ја примам...“ „Како рече?“ „Тоа...“ „Мораш да ја примиш! Тоа е должност на сите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
45. И така, усилбите на македонската интелигенција и на народот треба да се обрнат кон националното обединување на Македонските Словени во едно цело и на обединување на интересите на сите македонски народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Малечката Пелагија беше сосема подготвена и не ѝ се виде тешко што мораше рано да станува оти во училиштето ги наоѓаше новите другарчиња и насмеаната учителка која како да им беше мајка на сите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој беше свесен за балканската комплексност и почитта која требаше да им се укаже на сите јазици во нивното учење, без да се имаат предвид мртвите јазици (грчкиот византиски, славонскиот, османскотурскиот), како и јазиците на голема дифузија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така им се обрнуваше на сите старци што живееја по околните колиби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие долго не можеа да сфатат дека мојата осаменост не се зборови, туку сурова реалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И на сите треба до ак да им дојде овој стар дедо поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеше: пред да му се предаде на сонот, на сите искинати соништа, ги фрли еполетите далеку од колибата. Не ги заслужувам, мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш стануваше друг човек! Забораваше на сѐ и на сите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И по тој случај не слика Милисав Поповиќ и на сите по една слика ни даде. За спомен на местото Лисичин Камен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Грета: Прво кажи им на сите овде колку мажи и жени натера да се заљубат во камили, жирафи или зебри?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас зборував оти кога се прави востание од името и во полза на сите македонски народности, тогаш за тоа треба да се има полномоќност и учество на сите народности во организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум сигурен со каква цел но иследникот повеќепати побара да ги повторам имињата на децата што ме исмејувале. (Се разбира сега веќе не стоеше кај прозорецот туку повторно се беше вратил кај бирото и сите имиња што ќе ги спомнев грижливо ги запишуваше).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кој си, кучешко копиле, што посегаш по сиромаштијава наша?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Затоа пред собраните зеници прскаа жолти тркалца, затоа устата однатре му ја збираше горчината на сите испушени цигари во тој ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сум паднала ничкум, што се вели, на сите четири.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Промената од култура на книгите кон култура на електронските комуникации, радикално ќе го промени начинот на којшто го употребуваме јазикот, на сите општествени нивоа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А тогаш, во моето детство, во мојот страв и мојата болка, само мама забележа дека нешто се пресече меѓу мене и брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само можам да ја наречам вакцина против најголемата болест на сите времиња.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
— Одбивај на глупост, вели, кај можеш на сите да им погодиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Такви се, свату — сваќе, такви! Голи, боси, гладни, ако и кабулите — да ваќаме рака, ако не — вие живи, ние здрави, ќе си го бараме сете чарето! — им велеше Ѓуро на сите идни сватовштини и стројници што идеа да му ги бараат неговите „бендене моми".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им ги знаев на сите имињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е голема граница распоредена во животот на сите Балканци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И другите по неа, ама пак на сите нешто не им беше јасно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тогаш, помислуваше како се вселила славата на Игора Лозински во душите на сите овие луѓе?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ги паметам сите поединости од разговорите што ги водевме, но го немам заборавено мирисот на сите мои попладниња во Пасажот... ми се обраќаше понатаму Нилика во нејзиното писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И секогаш, и на сув камен, му успевало да создаде леб, постојано верен на сите оние клетви, заедно со кои и беше создаден, таков, немајќи потреба да ги оттурнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Суптилна елеганција на интимна катарза на душата, редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено, поттиснато, соголување на сите енигматски настани и моменти, екцесивна еманација на духот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш Христов на Колишевски, со помош на авторот на овој текст, даде писмена изјава одобрение до сите македонски издавачи на сите оние места каде што во неговите дела стои „Бугарин“ и „бугарски“ да бидат коригирани изменети во „Македонец“ и „македонски“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стриите на некогаш мазниот стомак како вододерини се ширеа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веруваше дека сонот на само еден човек, татковиот, може да биде дел од меморијата на сите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најчесто во името на среќата на сите, се задоволува личниот егоизам, особено амбицијата низ илузијата да се остане во историјата, да се обезбеди место во вечноста без оглед на жртвите крај боговите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Револуцијата треба да биде работа на сите Македонци, или на мнозинството од нив, за да може да се нарече општа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднипати идело така: секој за себе да плаче, а еднипати да им е заедничка солзата на сите. 28.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше најрадикалната, најсубверзивната социјална доктрина на сите времиња, и беше насочена кон единствената група што може да предизвика долготрајни промени: родители, педијатри, учители.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Да бе. - На сите знаеше да им ги реши проблемите, а не можел да ги предвиди лоповите шо ќе му влезат у куќа хахаха.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И започна со силни експлозии да ја потресува куќата од Китан. Разлетуваа парчиња камења од каменоломот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но да дадеше бог да не тропнеше часот смрт што на сите им прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Хм, си велам, ќе ти покажев јас тебе да не бев умрен и при тоа ми станува смешно од помислата на сите оние движења што за тоа се потребни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Домаќините ги пречекуваа гостите срдечно и топло како и секогаш пружајќи им на сите големо внимание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Минаа петстотини, илјада автомобили, и нешто имаше на сите тие лица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Книгава нема за цел да се натпреварува, на пример, со книгата на Џоел Дерфнер Женче: Мојот поход да станам најгеј- човекот на сите времиња и што стана наместо тоа; со книгата на Доналд Ројтер Гејдар36: Врховен инсајдерски водич за шестото геј- сетило; со книгата на Кети Криминс: Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата: вистинската и јуначка приказна за тоа како геј- мажите го обликуваа современиот свет; со книгата на Кевин Дилало: Неслужбен геј- прирачник; со онаа на Џуди Картер: Хомоприрачник: како да стапиш во контакт со сопственото внатрешно хомо: водич за опстанок за лезбејки и за геј- мажи; со онаа на Френк Браунинг: Културата на желбата: парадоксот и перверзноста во геј- животите денес; со онаа на Даниел Харис: Подемот и падот на геј- културата; со онаа на Берт Арчер: Крајот на геј и смртта на хетеросексуалноста; или дури и со веќе класичниот преглед на Мајкл Бронски: Судир на култури: создавањето на геј- сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас свртев и легнав над реката Црна. Се потпирам на сите четири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го шетам Министерството за надворешни работи на Југославија и на сите врати тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заверата е глобална и делува дифузно на сите фронтови, од Обединетите нации и НАТО Пактот, преку УНИЦЕФ и УНПРОФОР, до Ватикан и Масоните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да им дадеш по нешто на сите оние кои учествувале во твоето збогатување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
6. Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ходниците на црквата, долги и огромни, беа претворени во шеталишта а на сите страни имаше олтари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој ден, Поетот, пред да излезе од празната одаја за која тврди дека е сцена на величествените собири на зборовите, извршува најдетална смотра на состојбата на лицето, на насмевката, и на сите делови од облеката (и покрај обичноста што веќе е спомната како карактеристика на неговото однесување).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А на нимните места ќе и клајме кадрата на нашче мили и драги руководители: Захаријади, Сталин, Тито, Димитров и на сите други шо се водачи на меѓународнио пролетаријат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На сите убавини што ни ги даде господ, како сами не знаевме да побараме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првиот Сесловенски конгрес во САД ја постигнал својата пос-тавена цел, зацврстување и продлабочување на единството на сите демократски сили на Американците од словенско потекло и коор-динирање на нивната дејност со демократските и прогресивните сили од другите национални групи и професионални сојузни друштва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти им припаѓаш на сите, на сите!“.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Емигрантот, сега талкач, Кабаков сега живее во Њујорк и познавач е на сите аеродроми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Прекрсти се на сите четири страни, заинтересирано го учеше Баждар од автомобилот и ја цицаше влажната цигара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една ноќ гумата бесно влета во колибата како при експлозија, бркајќи ги пилињата и расфрлајќи ги лонците на сите страни! Самата дојде, брзо тркалајќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На сите како да ни олесна и сите си велиме: имало господ, ги виде гревовите наши, се смилува и ни прости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сетне, стрипче од Пајо паторот, па од најпознатиот Викинг на сите времиња - Хогар Страшниот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сите кога му навалија, леле мори мајко, како којзнае колку да им згрешило во животот: корнат, тегнат, влечат, черечат на сите страни, кој за што побрзо се фати.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дали е доволно тие само да се дискутираат во кулоарите на научните конференции, на страниците на дневниот печат или, пак, мора гласно да се ‘ѕвони на сите ѕвона’? 8 А дека мора гласно, одлучно и со сите сили и средства да „ѕвониме на сите ѕвона“ ни укажува и фактот дека овој болен синдром, од канцерогена [малигна] провиниенција, е дијагностициран и кај нас во Македонија – кадешто, во сферата на трудовото право, погледнато од еден аксиолошки дискурс, дополнително цути и енормна правна инфлација (презаситеност на системот од прекумерно правно нормирање – претежно со лоши, од номотехнички аспект неконзистентни и конфузни закони), како и правна несигурност (еродирање, со текот на времето, на веќе еднаш здобиените и стекнати права од работен однос).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
(Сите се поздравуваат и кажуваат по некој збор. Кате на сите им бацува рака.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сѐ е изнесено надвор, на увид на сите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
131. Словакот Павел Јозеф Шафарик (1795-1861) е истакнат словачки и чешки филолог и етнограф, чии најзначајни дела се: „Историја на словенскиот јазик и литература на сите наречја”, „Словенски древности”, „Словенска етнографија“ и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е предимството на сите одредби кои доаѓаат од другата страна, при што е небитно дали се нечитливи и недостижни, битно е да се прифатни чудесниот облик на било кое случување, било кој објект, било кое ненаместено суштество, бидејќи на секој начин никогаш нема да знаете кој сте вие.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Хегел во таа логика го наоѓаше и клучот за разбирање на сите појави.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Не стигнал позорникарот, откако со прст ја притиснал својата десна ноздра, со левата да го повлече половината грстче, кога мртовецот кивнал толку силно, што наполно им ги испрскал очите на сите тројца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Коле се поткрена од клупата и нерешително, збунето, се обиде, од името на сите, да рече нешто: - Учителе... ве молиме - му затреперија усните, а очите му се премрежија со солзеста пајажинка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Душата на сите ни се потресе и возбуди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Префинетиот начин на живот и себенегување, да се разбереме, не е одлика на сите хомосексуалци. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеш ли ти Силвија да го средиш животот на мојот син?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што ѝ се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- И на сите луѓе ќе им велам добар ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега засега добро им врви на новите дами, иако нашите редовно губат на сите првенства.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Подоцна, за време на судењето, застапниците на КПУЗ-Скопје пред судот објаснуваа дека „според новата систематизација и организација за рабо- та во затворот, како и според Правилникот за работни односи, токму тоа работно место е предвидено за дипломиран правник со искуство“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо да го заборавиш моето име Ти го вглоби во секој камен, го запиша на сите гранки Па најтивок повеј низ времето ме ниша - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ние некои се насмеавме, а учителот сериозно рече: - Сега, Моне, токако изброја, јас на сите ќе ви кажам еда прикаска за Итар Пејо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа душите на сите вљубени го облеваа сонливото небо до светлост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Македонците мораат да прифатат дека македонскиот државен идентитет не е ексклузивно резервиран за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја чувствував миризбата на неговата коса, некаква мешавина од мириси на сите мирудии што од Индија ги имаше донесено мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не, бре, Јоне велам, пак ти сакам да бидеш зет, на сите свадби само ти да бидеш зет, велам, и се иставам. И вистина не го лажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот роман „Мајсторот и Маргарита“ што го виде дневното светло 25 години по смртта (!!) на својот автор, по првото објавување набргу се најде на топ-листата на најпродаваните книги на сите времиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За привлечниот изглед на сите градоначалници дело на градоначалникот, кнез Ксавериј Георгиевич Микалаyе Неопходно е градоначалникот да има привлечен надворешен изглед.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но Онисифор Проказник, со тага гледајќи го колењето на премаленото и збревтаво животно, заповеда да заземат место на чука од која ќе може да се гледа на сите страни и на која не ќе бидат изненадени со напад. Свенувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поговор Токму кога решив дека е вистински крај на сите мои макички, се случи после испитот по информатика се вратив дома, унакажана од разочарување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но Маре продолжи да им се обраќа на сите, повеќе на некои неприсутни одошто на овие присутни.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И не сум изненаден од тоа што многу луѓе тука ги носат имињата Трајко и Трајанка, Живко и Живка и имињата на сите православни светци и на апостолите Петар и Павле. Во тоа е сѐ - и болката и надежта и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ружа токму како да го чекаше овој миг за да распали од сите оружја. Скокна од масата на изненадување на сите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Падот на Берлинскиот ѕид беше дело на младите во потрага по индивидуална слобода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Онолку спонтано колку што е спонтана љубовта, вистинскиот двигател на сите човечки битија кои со љубов можат да изградат цел едн нов свет, но со спротивните чувства да го разорат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Михаил Афанасјевич Булгаков - име на едниот од, најмногу, петорицата автори што ја свртеа прозата на дваесеттиот век наопаку. (По азбучен ред, тоа се: Борхес, Булгаков, Кафка, Платонов, Пруст или Џојс - мала отстапка за сите љубители на најдосадниот писател на векот)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не можеше да има поголем олтар на сите жртвувања од самата балканска граница – ѕид која требаше да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Геа, со раскошни гради, мајка на сите створенија... била сосема сама по себе уроборос... змија која ја гризе својата сопствена опашка, алфа и омега...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И ние врвиме покрај кафезите и на сите, со ред, им честитаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трето: „Комунална хигиена“ да вложи дополнителни напори за целосно елиминирање на сите големи и мали диви депонии во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа е главниот извор на сите наши несреќи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што сѐ не се наслушав со свои уши; плачеше пред мене Трајчеица додека ја бараше смислата на сите оние истурени како од бунар зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Освен разгледувањето на сите засегнати прашања, за да биде јасно појавувањето на книгава, сега ќе треба да се кажат неколку збора за своевременоста на книгата и нашиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сврделот на Партијата и на движењето им требаше како топол леб, без оглед на сите негови слабости за кои и бевме и не бевме свесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со фонографија се карактеризира онаа класа на системи на писмо, во која сигнансот на јазиците не корелира со универзалните појмовни јазички категории, кои принципиелно им се достапни на сите јазички колективи на определено ниво од културен развиток.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така некако веројатно течеле моите размисли и при вчерашното испитување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не е ова основа на сите науки: - астрономија и астрологија, - метеорологија, - геометрија и аритметика, - броење на времето, - одминување на времето- историја- календар - предскажување на времето- од иднината- визија- календар ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Летаат влечки, топлинки, калчунки и платамонки на сите страни.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бисера даде „проводиа" половина лира и ја однесе бовчата во земникот да им ја покажува утре другиден на сите роднини и пријателки, што ќе дојдат на честење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби помисли дека ќе му биде многу полесно да се искачи отпрвин правугоре, а после да тргне напресрека во една права линија кон таму, бидејќи вака прекутрупа снегот се лизгаше како ѓаволот и тој честопати мораше да оди на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило какво што е мовлестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- На сите војници им паѓаат забите, вели Јон, цела војска е без заби. Вилиците им се преклопени, вели, образите пропаднати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нема место што не е осветлено од неговата блажена душа, оти на сите народи скриените тајни им ги откри разумно исповедајќи, на едни со писмо, на други со поука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
– Стариот неранимајко повторно нешто смислил – беше првото што им падна на ум на сите оние што уживаа во неговата смисла за шега.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На сите платна беше исликан ентериерот на Сарајот, долапите и мусандрите, вратите и таваните, џамовите со тешки пердиња, ковчезите и каселите, ибриците и мангалите, килимите со необични шари-арабески.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кревалката е да ја крева маглата од полињата на страстите да не им пречи на сите кои во занес плетат корпи за брање свежи воздишки
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Човечето ползеше на сите четири, неговиот подавалник беше одлетал на една страна, а две поточиња кафе течеа по подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа можеби би можел да биде одговор на сите прашања, ако успееме да ги елиминираме лековите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа овците ги истрижи, најпрвин ја испра волната, па ни изнаплете чорапи, џемпери на сите во куќата, зашто сѐ што имавме беше дотраено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Копнеев мојата душа да ме придружува на сите кораби и галии и низ сите мориња по кои пловев.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прашан од агентот што го апсел дали тој фрлил динамит на „Алхамбра“?, одговорил: “Не на ’Алхамбра’ туку на англиската кафеана, на Банката, на мостот и на сите други места на коишто вие тоа го сакате“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По еден час, госпоѓата со дванаесет обетки само на едното уво и прстени на сите прсти, па дури и на палецот од ногата, се претстави како цариничка на границата со Бугарија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На сите негови места: и кај што седнал и кај што легнал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа извикуваа: - Напред, дете! Уште малку! - иако на сите им беше јасно дека од плисокот на брановите детето не може да ги чуе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На крајот, флуидот супер его, ќе биде толку истрошен, бескрупулозно исцеден, испиен, изеден и на сите можни начини столчен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги прифаќа и тој шишињата што му ги тутнуваат в раце и одлево и оддесно, им прави чест на добродушните селани, лизнува по малку од ракијата, а тие гледаат на сите начини да им угодат на гостите од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се замеша и професорот Филип: „Сите видови се едни единствени, безбројни преобразби на едно животно, со кои тоа ја надминува безизлезната, штура краткотрајност на сите посебни тела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа можеби и му се сторило - ако игуменијата се насмее, усните ќе ѝ испукаат на сите оние места кај што биле испресечени со танки женски брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За повторната средба на Дедо Мраз со Добре, најдобриот човек на светот, ќе се раскажува во приказните на сите потомства.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Затапевме - што беше и целта на сите наши власти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие доаѓаа наваму и паѓаа во мојата градина како Швабите под Сталинград. Поштарот со телеграмата, пријателите од градот, новинарите. Не можам да се сетам на сите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светецот на Манастирот беше спасител, исцелител од болки и зло на сите добри луѓе, без оглед на верската припадност.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие се обвинети како шпиони на Франко, а јас како шпион на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме нарекуваат агент на Гестапо, на Интелиџенс сервис, на Озна, на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Љубоморна сум на сите тие твои соименици. Заради нив може да ти се случи мене да ме заборавиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чинеше дека и тој ден ќе се разлета на сите страни, а на негово место ќе остане само врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така овие османскотурски заемки, колку и да биле туѓи и многубројни во балканските јазици, доколку се вклопеле во граматичката структура на примателот, престануваат да живеат како зборови на давателот и почнуваат да живеат како зборови на примателот и како такви се покоруваат на сите граматички правила на тој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првата заповед ѝ беше како да им се обраќа на сите во куќата. Мама, тато, домаќине и така натаму.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И ако е така, тоа е не ли шовинистичка заслепеност да ни се наврзува сега нам на сите Македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарското име?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе ми го обели образот, а јас ќе им ги затворам муцките на сите што не веруваат во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму каде што ќе поминеш, со најубавите снегулки од мојава душа посипи ги домовите и двориштата на сите што ќе те пречекаат!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знам ама не можам да му земам од уста на другите. На сите им се јаде. Сите еднакво ме болат, болка да ме отреби!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И вистина, од нашето викање дека сме Бугари ние имавме право да очекуваме за нас добрини, а не зла: ние можевме да очекуваме од Бугарите поддржување на сите наши духовни нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прилегаше на пенушка од некое исечено дрво, а на сите страни му се простираа пипалки како корења.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Цркви на сите страни. Особено е своевиден монумент црквата Свети Никола под Храдчани. Во барок градена во 19-тиот век. Со огромни портали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По истрелот, кого снежните ридови го разнесоа како весел одзив на сите страни, беше доцна и за Змејко да помисли дека ќе пука уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По два месеца, Марија сè уште се немаше навикнато на животот во санаториумот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И покрај својот остар јазик, Марче ги освои симпатиите на сите, штом се појави во нивната гимназија некаде од внатрешноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На сите веќе по нешто ни се присторува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ еминентни, стручни и докажани експерти, кои, меѓу другото, до својот врв во наобразба и дообразба поминале едукативен пат кој им се поклопува зачудувачки на сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во воздухот лебдеше скорешниот пад и распад на земјата што ја претставував, макар што никој како да не сакаше да верува во тоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Траеше сѐ дури набргу потоа не беа сосема сигурни оти местото во животот и сега останало непронајдено; ни времето дочекано; и на сите им беше од тоа мака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петти предзнак Размислувам, ова е патешествие со чудни знаци, што бараме тука, зад грбот на сите, зад грбот на Бога.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Оттаму значајот кој Гете му го придава на преведувањето и на сите други форми на книжевното комуницирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ѓаволот дојде да наплати. Ме туркаше на сите страни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да се дигне револуција во полза на сите народности во Македонија, треба комитетот да биде образуван од претставници на сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отсекогаш ли беа тука овие видици од црвоточни куќи од деветнаесеттиот век, со ѕидови потпрени со искосени греди, со прозорци закрпени со картони и со покриви од 'рѓосана тенекија, со смешни дворни ѕидови накривени на сите страни ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но како, и со кои зборови овие размисли ги имам пренесено на хартија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние другите не бевме љубоморни поради тоа, напротив сите го сакавме и поштувавме, тој беше нашиот идол и патоказ за сѐ и сешто што правевме во нашите детски игри и главен актер на сите возбудливи доживувања.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мастиката му се излева од раката, пепелта од цигарата паѓа на сите страни а од устата му излетуваат колку зборови уште повеќе плунки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Часот траеше колку што беше потребно да се извикаат имињата на сите дечиња и да им се покажат местата во клупите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој на сите луѓе им беше симпатичен и ништо повеќе. (...) До ноември Велветите престанаа да пробуваат во Фектори и престанаа да живеат кај Стенли.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш во просторијата ненадејно влета младиот - и „во ерата на распаѓањето на сите традиционални вредности”, како што велеше неговиот омилен универ­зитетски професор - пофално лево ориентираниот - господин Тони, кој побара, под еден, поширока елаборација на проблемот граѓанско-рурално, и, под два, подобра метафоричка контрала, помалку елипси, контигентност и јасност, ви се молам, културата ја сфаќам како канадска река низ која пловат совршено подготвени за понатамошна обработка трупци.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мачката ѝ беше на поголемо растојание па откако пак изврти со по едно око на сите страни околу себе, пак погледна во мачката па во гранката под неа и брзо слезе на гранката под себе, ѝ се приближи на мачката и во тој момент мачката се собра назад и се фрли нагоре кон страчката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Теоријата на преведување е опремена, како што Попович докажа, да ја следи „нечистата“ игра на сите грешки, проблеми, незгоди, недоволности, разидувања, и разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Болеше глуво и постојано тоа сознание за старецот, беше една судбинска болка за животот, што еднаш мора да заврши, и тоа сега на сите оние трагови од неговите старечки раце во овие простории им ја даваше болната можност да потсетуваат на себе тажно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа помисли на сите со кои некогаш имал разговор, но знаеше дека никој од нив не ќе го ислуша со толку срце колку што му требаше нему.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одовде сѐ се гледа. На сите страни!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ербап – способен, итар, финтаџија... суперинтендант – домаќин у зграда. Живее муфте без да плаќа кирија, а заузврат ги собира чековите, мења сијалици, им се смешка на сите и те риба ако пуштиш гласна музика.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)