на (предл.) - секој (зам.)

На секои тројца, едниот е шпион.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пчелата на доблеста го одбира цветот, таа не слетува на секој цвет: го распознава по мирисот и бара доблест само од разумен човек, затоа што таму ја има, кај разумните луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сметаше дека револуциите најмногу ја разместуваа рамнотежната точка на секое суштество, на секоја општествена заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не ја насетуваше во совршената взаемност на двата споени сада сеопфатната форма на духот на бесконечноста како ползи на работ на секоја капка време.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби малку невообичаено, но пражани имаат некои свои особености да собираат многу значки, кои се продаваат на секој чекор, и да пијат пиво со сендвичи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Хипиците“со бради и екстравагантно облечени можеа да се забележат и на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси на секој чекор се среќаваат коли со скопска, па потоа со нишка регистрација.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На секое разминување умира по еден дел од мене, умира по еден мирис од секој цвет, на измислениот букет кој ми го подари еднаш.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така проповедал Гоце - пишува неговиот биограф П. Јаворов - зашто само љубовта кон народот го раководеше на секоја стапка во неговиот бурен живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
10. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, доколку во основа е аристократски, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам имаат една сурово обележје - презирање на послабите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Неговиот речник беше така составен за да даде точен и често мошне суптилен израз на секое значење што еден член на Партијата би сакал исправно да го изрази, исклучувајќи ги истовремено сите други значења, како и можноста за доаѓање до нив преку индиректни методи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застануваше да почива на секои десетина чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На секое ниво од овој ланец, т.е во рамките на секој ранг, човечките компоненти се мошне хомогени: процесот на издигнување низ ранговите бара извршување на операции на сортирање, што резултира во помалку или повеќе униформно однесување во рамките на секое ниво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Полјакот ќе пукне од бес. По цела ноќ трча по куќата и на секое шушкање извикнува: - Стој!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Првата: одговорниот однос на Монахот кон секој запишан збор како и сериозното проверување и преиспитување на секој понуден податок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се радуваше на секој свој вистински заграб, на секое свое движење, исто како и на секое спуштање на онаа побеснета и на мигови чиниш до невидливост полетана плоча на пилата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претпоставув дека го имаат предвид остварувањето на некаков развој на секое место откога ќе добие вода, ќе се изгради некој објект, фарма или слично, и така секогаш ќе треба повеќе и повеќе вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Новата лисица беше местото каде 90% од младината беше инфицирана од трава. Ѓаволот беше присутен на секој чекор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една солза истркалај се, а друга тргни. „За тебе излегуваат и сонцето и ѕвездите, за твојата вита става на секој чекор се зборува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на секоја нива подзапираме: кршиме потки од врбите, од меѓите и ги запотнуваме, им пееме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На секоја риба мала можам да ѝ станам залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- А ден пред Велигден помина селскиот кмет по сите куќи и рече: - На секој чардак на празник и по неделини да се вее грчкото знаме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие веќе си правеа во умиштата свои и беговски кули по сите мариовски села и поставуваа ќаи и субаши на секој чифлиг.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Почетокот на секое сочинение е најтежок“, ми велеше ноќта пред да се искачи горе. „Тој обично се плаќа со живот. Првата реченица во секое сочинение е најопасна, а зборот прв најотровен“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден нивни збор можеше да го измени животот на секое семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти растеше на секоја наша капка нагоре - Небото ќе го надрастеше!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трговијата со порнографија и со евтина секси булеварска литература, која овде, на „Пигал“, се продава на секој чекор, ја немаат во свои раце Французите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пример, кога „го разгледуваме општеството а не единката, животниот интерес на секое општество е индоктринација на децата коишто ја сочинуваат неговата нова сила”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Жан Ложје, француски поет и актер Романот Времето на козите е прекрасна романсирана сатира, потхранета со семејни сеќавања и искуства, која­што добива фантазмогоричен карактер а ла Свифт, толку способна да го прикаже иреалниот и бурлескен карактер на секоја диктатура..
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На секој предмет паднала голема неизвесност и чекање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ ќе паднело во вода ако на организаторите не им текнало на секоја лубеница, некаде на средината, да и стават по една цреша со боја на трула вишна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Наместо мрачен предмет на желбата („ја барам раката на вашата ќерка“) таа историски станала функционален додаток на секоја жена лакиран аксесориз што не само што е чудно да се бакнува, туку е сѐ почудно и нежно да се фаќа.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А на секое дрво околу нас седеа на гранките мајмуни и крескаа шарени папагали.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пред сѐ, функцијата на електричните инструменти ќе биде тоа да овозможат потполна контрола на структурата од аликвотни тонови (наспроти шумовите), и да направат овие тонови да станат достапни на секоја фреквенција, амплитуда и траење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Барем така им велеше на тие што даваа пари, а посестримите ги газеше на секој чекор да не се даваат на Турците, оти главите ќе им ги скинел како на врапци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така борбата се зафати против барањето на секое благоразумие.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А кога се собраа по стотина души на секое крило, разбраа дека обрачот е скинат и дека бегаат комитите низ тој процеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На секој оброк таа го преколнуваше да не биде себичен и да не заборави дека неговото сестриче е гладно и дека исто така му треба храна, но немаше фајде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Смири се мила. – Молеше Дедо Мраз со скриено бунило – Можеби е часот на искушението што доаѓа како предигра пред крајот на секоја битка на љубовта.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Имаме контејнери низ градот, ама многу нередовно ги празнат и затоа околу нив се грамадат купишта смет - да речеме - на секој ќош - јавна депонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа е кеседарот во нашата куќа. На секој први во месецот, како ќе ја земам платата, така дома до динар ѝ ја давам. Не сметајќи на некои безначајни црни фондови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој ми велеше, на секој предмет од куќава се гледа твојата љубов, твоето спокојство и твојата душевна шир. Јас летав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во болка, раскрвавен како рането ѕвере, секој ден 'ржеше, на секое место во домот го демнеше Кејтеновиот син, се спремаше за најстрашна одмазда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Банана земја со стотици бАНАЛНИ АНАЛ-итичари кои секојдневно АНАЛ-изираа на секој кАНАЛ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На секое разминување умира и плачот и смеата во мене, не се смеам а ниту плачам, само полека вдишувам и издишувам, од мирисот на нашите цветови.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Палецот ѝ бегаше во кондурата на секој чекор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Растоварија цели купишта војнички блузии. На секој ни дадоа по една. Немаше што да се избира.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Било многу различно дали си продаден или купен. Немало купени души.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На секој збор ми иде за плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На секое ждригнување ми иде некоја кислојна во устата. Од лук, од перца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Грандиозноста на велесаемот се среќава на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На секои 15 минути „Радио Париз“ дава специјални соопштенија за возачите, преку кое ги предупредува како да се движат доколку некоја улица е затестена поради сообраќајна несреќа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потем упаѓаат полицајци, возбудени и зли, на секој затвореник му се вгледуваат в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има на секој чекор раритет и збиднувања, монументите се на дофат на чекорот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го оживувам сеќавањето на секоја приказна од мојот живот без вина и каење, зошто нема за што да се жали, на крајот ќе ни биде мило што излегло како што е, тоа е вистината вредна за раскажување, јас сум единствен сведок на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лесно ранетите сами слегуваа на копното. На мостот стоеше војник и на секој му даваше ќебе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја пребаравме целата зграда, соба по соба; цели ноќи, цела една недела посветивме на секоја соба одделно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слушам така и на секој збор потрепнувам, целата ќе се занишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наутро, ако минеше по париските улици и паркови, ќе сретнеш на секој чекор кучиња што ги водат нивните стопани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Можеби во Босна ќе треба да се предупредува човекот на секој чекор, во секоја мисла и во секое, и највозвишено, чествување да се варди од омраза, вродена несвесна, ендемична омраза.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Семејството, пред сѐ е вообичаено орудие на она што се нарекува социјализација, те. процесот на наведување на секоја „нова сила” на човековиот вид да се однесува и да доживува на, во суштина, истоветен начин како и нејзините претходници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Наѕираме во секое цветче, во секој боливач, на секоја јаглика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле со помошта на сите цртачи од селото дознав дека некаков голем крокодил им ја краде стоката, дури напаѓа и на луѓе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Наместо дотогашната одредба според која работникот имаше право „да учествува во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина, да учествува во планирањето и воведувањето на нови технологии во однос на последиците од изборот на опремата, да предлага преземање на нови или подобрување на постојните мерки за заштита при работа со цел да се подобрат условите за работа, организацијата на работа и заштитата на здравјето и безбедноста на работниците во процесот на работата кај работодавецот (чл. 45, ЗЗР), ЗБЗР ја содржи одредбата според која „право и обврска на секој вработен е да дава предлози, мислења и забелешки за безбедноста и здравјето при работа на стручното лице и овластената здравствена установа“ (чл. 38, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На секое викнување, крвта повеќе ми удира, придотекува, што се вели, џглиботи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А со што јас ќе го веселам овој свет и како ќе го прославувам раѓањето на секој цвет?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
3.  Повеќе за содржината и за уставно-правната аргументација на секоја одделна претставка видете на нашиот веб-сајт: http://www.lenka.mk/mk/pamfleti- i-letoci/35-dokumenti-pretstavki.html; а за симптоматичната, и на моменти небулозна, правна логика на Уставниот суд на РМ, на неговиот официјален сајт: http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На секое излегување запознававме по некој од оние фраери на батерии. Меѓу нив на мета се најде и Црниот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Веселба и расположение владееја на трпезата, богатство од живот зрачеше од здравите и румени обравчиња на децата, и задоволство на секој што јадеше и пиеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Популарната култура стана сцена на динамично натпреварување, дури на “борба”, а не на статичка доминација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пандо со рака и даде знак на Ристана да застане.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој ме погледна изненадено, и потем рече: „Секој умножувач свој дах му вдахнува на секој следен препис, своја топлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
8 Границите се основа за нееднаквост и исклучување. Од гледна точка на теоријата на системите, границите се централен елемент на секој систем, било да е физички, културен, општествен или физиолошки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Обожава да се насели и одомаќини во кровот или под декот на секоја пристојна куќа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На секое разминување снемува по една јас.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пред влезот на секое гратче се наоѓаше неизбежната бензинска станица, со црвени, сини или жолти пумпи, а можеби и мотел, а потоа доаѓаше самото гратче, со продавници на двете страни од патот, а можеби и сива стара црква изградена многу одамна, и по неа следува, сега анахронично бочно припиени со челик што не ’ргосува, ресторан и продавница за автоделови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Конзулот Грекусис се насмевна, поклони ја бакна раката на секоја од девојките и интензивно ја погледна Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Запомнете го тој збор ако не сакате на секој чекор да ве клоцаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На секое пукање по една солза ќе ми се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На секои три села по една џандармериска станица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На секој три села по една џандармериска станица. Се прават, ги правиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Премила, златна светице, ти ја знаеш болката на секоја мајка, биди милостива и спрема мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Со други зборови, поимите, кои се појавувале единствено како антитетички, со текот на времето човековиот дух толку ги извежбал што на секој од нивните два дела можел да им овозможи самостојна егзистенција и, следствено на тоа, да им обезбеди сепаратен гласовен приказ.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За сето време додека разговара со неа тој го чувствува Лукова, постојано гледа кон собата каде што остана тој и се штрецнува на секој шум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
При планирањето на секоја акција преку радиоврска биле консултирани британските офицери на самото место.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На секое гумно тогаш паѓа по едно сонце и секој покрив раѓа црвена птица.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, бидејќи „ние” (народот, нацијата, колективот) владее со „постоењето”, тој термин го употребувам во смисла на тоа владеење, а не на самото постоење кое му се измолкнува на секое „ние”. »» Дали ирониската дистанца е спас?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По еден глужд израсна на секој век место срам што те нема.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Впрочем на што ќе личи тајната што ќе ја најдете на секоја тезга?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А ги има на секој чекор, верувај ми, само што не можеме да ги видиме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Арсо се задишува. - Би му ги искорнал дамарите на секој, со заби и нокти, кој би му попречил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седеше Висар скриен во одајата и се бореше со две неволи: болеста и стравот; а татко му на секој шум и тропот во дворот, на секој ѕвекот на ѕвонецот на вратата, излетуваше со пушката надвор.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако светската изложба е замислена како место на кое на секој чекор и во секој експонат треба да се согледа современата човечка култура, цивилизација, наука и технка, многу од приредувачите намерно не се придружувале кон овој принцип, настојувајќи што повеќе да внесат и од она што може да се види и доживее на секој обичен панаѓур.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што сигурно ти кажале, Свети Ѓоргија-Горг бил пред години разурнат и запустен, ама српскиот крал Милутин за свое спасение пак го подигнал, и, како што се правело при промена на секоја власт, и тој му ги потврдил на манастирот неговите права и имоти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека пак личниот развој на секоја личност, како посебна планета во просторот на космосот, се открива преку анализа на сопствената еволуција како личност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На секое пукнување потскокнува Крстивое Пешиќ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, на секое мјаукнување, ќе се закикотиме со Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, ама нели секој чекан си има своја наковална, па бидејќи не беше никаков исклучок од физиката и биологијата (додуша, нему, не му беше толку наклонета биологијата, па затоа се занимаваше со психијатрија), се ожени за една кротка овчичка, која на секој негов приговор му одговараше со „Бееееее!“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мојата блискост со македонскиот менталитет доаѓаше од имиџот на Југот или едноставно, поради јужниот начин на гледање и чувствување на нештата, со кој се сретнував кога доаѓав тука со екскурзии или на летување...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите знаат дека у развиените земји на секое пакло цигари има слика од рак на грло, умрено бебе, тумор на плуќа, исушен мозок... Aма, слика на „снеможен паднат борец“?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ранетите веќе се товарени на коњи и носилки, а жените распоредени по четири на секоја носилка и по една на коњ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ние ли, потпрашуваше старата погледнувајќи накај покривот кој прокапуваше на секој подолг дожд.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ДОМИНАНТЕН КУЛТ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Балканска мапа: на секоја ораница по една – граница (хаикуизиран афоризам на Иван Карадак). Минатиот август, точно пред една година, како порачани, ми стигнаа во Скопје двајца хаику пријатели – Димитар Анакиев и Џим Кацјан (американизирано – Кејшн).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На секое одмориште, наспроти отворот за лифтот, постерот со огромното лице зјапаше од ѕидот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Премногу добро образовани во нашата стара Европа, ние природно веруваме дека постојат мисли, кои упорно ѝ се противат на секоја екстериоризација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според имашливоста на секој новодојден му го одредува местото во каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така на секои пет- десет минути, а потоа долетуваат авиони од Лерин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што ќе е ова осигурување, се чудиме, војниците на секоја стапка ни газат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работата е многу едноставна. Треба да се води сметка за тежината и за зафатнината на секој орман.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во собата имаше четири телекрани, по еден на секој ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Создадов илјадници Бартони— снимки, способни да одговорат на секое прашање во илјадници градови на оваа планета.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој учествува во карневалот на свој начин, а карневалската психоза се чувствува на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И херменеутичката филозофија и когнитивната наука сметаат дека јазикот е лоциран во усогласеното однесување и интерперсоналните односи, а не внатре во „умот“ на секој поединечен човек (Winograd i Flores, 1987).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На секој посилен налет на овој невидлив скитник од морето тој си го потпира грбот на стеблото од маслината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И обајцата беа согласни со тоа дека во лексичкиот фонд на секој природен јазик постојат домашни и заемени зборови зашто не постои јазик во изолација, не постои јазик кој е чисто свој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На секој еретик што ќе го изгореше на клада, никнуваа илјадници други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Процесот на Галилеј, Рим, 1633, документи што ги собрал Giorgio de Santillana Margina #32-33 [1996] | okno.mk 87
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неповолната промена е усвоена во 2003 година и со неа обврската на невработените лица да се јавуваат во Заводот за вработување на секои шест месеци беше заменета со обврска да се јавуваат на секои четири месеци (чл. 1, ЗИДЗВОСН/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И рекол дека и без плаќање ќе ѝ ја донесе на грб сета шума од ридиштата на Златица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле, секогаш бил сигурен во својата рака, кога имаше со себе една таква пушка и едно место, од каде што можеше да се дофрли на секој срт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доаѓањето на секоја Нова Година ја потиснува Старата Година, па следствено колку смени настапиле, човештвото ќе знае да го мери времето што истекува и она што доаѓа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во Софија многу се консумира сладолед на секое продажно место за сладолед има опашка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На секое од овие деца им ја знаеше добро семејната, но и здравствената историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А.А нѐ следи, мене посебно, како реагираме на секој виден експонат, па потоа да стапи во дејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Го познавам детето, вели жената, ние, на секое ваше барање, го носевме во Букурешт, но секогаш доаѓаше претставник на грчката партија и детето ни го одземаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа, во 1997, беше пропишано дека критериум 25.  Според чл. 18, ст. 2 од УРМ (1991): „На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците“; според чл. 25 од УРМ: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот“; а, пак, според чл. 50 од УРМ: „Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Едноставно, се ослободил од тежината на телото, ја победувал гравитацијата на секоја педа од сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислите ли поинаку? На секој начин се надевам дека е така.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Идентитетот на секој балкански народ останува голема енигма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се присетив на запознавањето. На посетите во психијатриската клиника. Како ми ѕвонеше на секои пет минути.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Треба да има луѓе што можат пошироко да погледнат на прашањето и непристрасно и без занос да ги измерат резултатите на секој еден чекор на комитетските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Електрониката овде на секој чекор е на располагање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И на секое напивање, мајка ѝ на Велика само се стресува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во шумолењето лежеше само една реченица - не е јасна но смислата е заканувачка, лоша; тие неколку зборови на секој стар и мртов јазик, тие корени на мисла, на одамнешнината, му ги демнат движењата и стрепењето. Веќе се тресе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синоним и симбол на секое божество.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја бара низ мислите девојката на која некогаш ѝ раскажуваше Што ќе пишува во писмото од нејзиниот младич утре што ќе ѝ го прати: На секој негов збор ѝ се надаваа, ѝ се поткреваа дојките,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На секој половина час црковните камбани повикувале за будност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некогаш токму љубовниот концепт подразбира апстиненција!) И затоа: МИЛИТАРИСТИЧКИ ОПУШТЕН и ОДГОВОРНО АНАРХИЧЕН е ликот на секој чесен („)маргиналец(“)!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Суштинската релативност на секое знаење, секоја мисла или свест не може, а и самата да не се покаже во јазикот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи филмското разгледување на секоја од деветнаесетте милиони жртви на СНН -како мапата во природна големина - би им се потсмејувало на човечките напори, се сметаше дека е добро полето да се скуси, ако не и намерата, и да се пронајде, по пат на случаен избор, претставник на жртвите чиешто искуство би помогнало да се објасни овој феномен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заслуга на културните студии е во тоа што, токму со постојаното нагласување на улогата на публиката (теоријата за активната публика, што некои ја означија како „бесмислен популизам“), постигнаа никој повеќе да не верува во потполната зависност на публиката, што на секое медиско надразнување би реагирала како програмиран робот или марионета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И понатаму: за посредување на осетот за простор потребни се стереоскопски очила, коишто на секое око му носат сликовни информации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Евреи, Црнци, Јужноамериканци од чисто индијанско потекло можат да се сретнат во највисоките рангови на Партијата, а управувачите на секој регион секогаш потекнуваат од населението на тој регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Уба ми ти помијарникот, вели Јон, значи на секоја свадба сакаш друг маж да имаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денот фати суснежен дожд и ни дадоа долги гаќи, нови чорапи и по две цигари. Јас оти не пијам тутун, цигарите им ги дадов на Витомир и на Гошета Љубин. По една на секој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одеше многу бавно и секогаш застанувајќи за да си ја смири заздишаноста, внимаваше на секое шушкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А има орди со терсене табиети, како што на секое ветробранско стакло на автомобилите има птичја гнаска.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таквата младост - чувствува Крсте - треба да се опева, можеби во неа е изворот на секоја најубава песна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој е веќе мртов, помисли. Му изгледаше дека дури сега, кога почна да бива способен да ги формулира своите мисли, дека го презел решавачкиот чекор. Последиците на секој чин се содржани во самиот чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денес постојат неброени играчки што можат да му го исполнат времето на секое дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Зар не слушна за една жена која му даде писмо на еден Албанец за да го прати?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дедо со невидена прецизност ја сечеше лубеницата на парчиња и на секој ни подаваше по едно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Сѐ може да се разреши: од холандската фирма „Филипс“ има понуда за модернизирање на мониторинг - мрежа, подвижна станица што моментално ги одредува штетните материи во воздухот, на секоја точка каде се движи станицата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе запираме на тој пат на секој криво насаден збор, ќе ја покажеме неговата излишност и штетност да остане на старото место.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На секоја автобуска, тој пристигнува тачно у секунда, така да по него можеш да си го курдисаш саатот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Храната беше изненадувачки добра, со месо на секој трет оброк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби тоа ги држи театарџиите да се покоруваат на секоја сила, на секоја власт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мене никој не ми носи книга.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Луман сега заведе вергија: месечно, рече, секоја куќа од вашето село ќе ми дава по лира, наесен на секои сто брави, овци и кози сакам по пет за мене и десет ока сирење, а за пролет секоја куќа нека ми чува по руно волна, тие што имаат по дваесет овци повеќе – по пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Биографските елементи на секој човек се резултат на неговата чувствителна и разумна природа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На секој убиен подлипнуваш и си го собираш срцето. 22.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекореше со една изострена готовност во секој свој долг и рамен чекор, сеќавајќи го сега наеднаш во сета негова полна стопленост и понесеност потсветнувањето на секое влакно во своите мускули.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
При таквите географски услови јасно е оти Македонците не можеа да се ослободат од Византија и готови беа да му бидат сојузници на секој непријател што ќе војува против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почитувај ги белините на секоја страница. Остави ја птицата на небото.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги сечеме нагорнините и рамнините на Халкидик. Остануваат зад нас летувалиштата Агиа Триас и Переа, кои се на дофат на Солун, и токму затоа сѐ уште не се такви, какви што се среќаваат на секој чекор во длабочината на овој полуостров.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Навлегуваш во музиката и патуваш. Јаваш на секој зрак светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За да се разбере природата на сегашната војна - зашто, и покрај прегрупирањето што се случува на секои неколку години тоа е секогаш истата војна - мора прво да се сфати дека е невозможно таа да биде решавачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Филип увиде дека и сите учители се малку а синот има непопустилв карактер и се спротивставува на секоја насилна постапка.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Не ќе бидам како вчера, утре ќе сум жерав џин.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)