на (предл.) - себе (зам.)

Но кој да помисли да крене нож на своите кози, на себе...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што ли носеше селанецот во кошницата - кој ќе знае?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На себе носеше стар волнен џамадан и бели искинати бечви, опточени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На себе носат волнени шајачки облеки, ишарени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На себе носеше сини потури, ишарани со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бившиот учител, несреќен заради затворањето на школото, презема на себе да се изгради цвеќарница што ќе помогне да заживее Сарајаново и, еден ден, можеби да се отвори пак училиштето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зборот веќе не му важи. Веќе не им е потребен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега треба да се мисли и на себе и на блиските. Залудно, залудно, залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наоколу имаше и густи шуми, но дрвјата беа толку побелени од снег, што малку прилегаа на себе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да беше во прашање голем човек, немаше ова ништо да значи, го испитал и самиот на себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега, меѓутоа, самиот требаше да се откажам од пеналите: не можев да примам на себе одговорност да шутирам со такви чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најважните фрактали, меѓутоа, отстапуваат од линеарната сличност- на себе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Е ти ќе спиеш по гаќи и маица. Ги имаш на себе?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во секој случај, тоа била приказна која ги оправдувала неговите утописки општествени цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што „заложуваме“ од самите себе додека пишуваме? 4 Токму го споменував „залогот“ или „заложувањето“ на себе во некоја чудна автобиографија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Клевската изложба на студот“ од 1945.година го призна студенилото при враќањето на мртвиот дом и на мртвото општество, но „Клевската топла изложба“ од 1946 г. означи дека Бојс научил како со помош на уметноста да се стопли за живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таа вистина е работа на љубовта и полицијата, на уживањето и законот -во ист момент. 34 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не се чувствуваше најдобро, иако ништо не го болеше, но смееше ли да мисли на себе и на некаква нејасна слабост кога толку многу работи му претстојат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Птицевидно во муцето, со долго влакно што му го покрива телото сѐ до колената на предните нозе па изгледа како пумпарици да навлекло на себе...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така снемоштена, таа пак со рамото се навали на ѕидот да дојде малку на себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа замолча за миг за да дозволи ова да мине низ нејзиното постоење, и потоа го почувствува на себе притисокот од неговите цврсти прсти, само за миг, како да настапи принуден грч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Следниот ден ја облече сукњата уште откако стана, и цел ден ја носеше на себе.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На својот пријател сликар, кој привремено го дели покривот со него, му вели дека во неа се чувствува подуховно - како монах или самурај; во арсеналот на споредбите е и принцот Чарли, облечен во килт.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти односи и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Просто, се лутев самиот на себе: како е можно да не чувствувам ништо поради тоа што Луција е во болница?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не оти сакав така, туку морав, оти знаев дека Писмородецот потем ќе ме повика во својата одаја, како што правеше често кога не беше задоволен од моето поведение, оти сакаше само на него да личам, а на себе – не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тагуваше отец Стефан како и секој завидливец при средбата со поголеми од него, не забележувајќи дека им е рамен; снеможуваше кога ќе видеше на себе рамни, сакајќи предност и власт над нив; се тресеше од страв при погледот на помалите од него духом, плашејќи се да не се израмнат со него, и дури, да не го надминат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изабел на себе имаше црвени панталони и убава свилена кошула, накит ни многу ни малку, само тенко златно ланче околу вратот, а шминката ѝ беше многу дискретна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А нему во претставата му припаѓа улогата на бунтовник, но, се разбира, лажен бунтовник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Интелигенцијата има, според еднодушната согласност, општествена задача да ја критикува основаноста на институциите не нанесувајќи им штета, да ја преземе на себе улогата (за да спречи некој тоа да го земе за сериозно) на бранител на јавноста од малверзации; таа е барон шарлатан.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога и јас си пријдов на себе, кога се подосознав, се наведнав и ги собрав парчињата од искинатиот портрет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„А вие што мислите – што е лудилото? Нешто монструозно?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Клара не е луда,“ му реков. „На Клара само ѝ треба време да си дојде на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш кога брат ми ќе си заминеше дома по кусите посети, јас легнував на креветот, го навлекував чаршафот над мене, држејќи го со прстите на педа над главата, и гледав во белото небо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти самата си ја измислила таа бајка, и си ја раскажувала самата на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прашањето дали новото течење има иднина или не, ќе се разгледа подолу, од каде што ќе се види оти тоа, ако се остави само на себе и се игнорира, ќе се развива само, а не ќе опаѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега ние не можеме повеќе да гледаме на себе и на својот народ како на еден недорастен народ без политички опит.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да било така лесно и безнакажано престапувањето на меѓународното право, досега државите денеска ќе примаа на себе разни задолженија и утре ќе се откажуваа од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И кога губеше на себе, печалеше на своите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неслучајно, Свифт рекол: „Само несреќните веруваат во власта на судбината. Среќните си ги препишуваат сите успеси на себе си“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не гледај ме така, ти се молам. Премногу крв имам на себе за да можам сега, токму во овој момент, да се откинам од нив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Браво, бе, машко!“ го чув и видов Стојан Козето седнат на триножното столче едно педесетина метри над мене во воздухот, со престилка на себе и шило и чеканче в раце, “ама поќе ништо не ми треба! Сѐ имам дестур!“ и широко насмеан покажа на куповите ѓон до себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И повторно, сама на себе си даваше кураж: „Не, не, во никој случај не смеам да бидам...“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Организацијата и уредувањето на просторот на себе ја презеде Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Болеше глуво и постојано тоа сознание за старецот, беше една судбинска болка за животот, што еднаш мора да заврши, и тоа сега на сите оние трагови од неговите старечки раце во овие простории им ја даваше болната можност да потсетуваат на себе тажно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана, сѐ дури не помисли на себе. Остана, сѐ додека не се прибра од сите страни, каде што беше расплинат, сѐ додека не се најде застанат и заблуден во таа темнина. Сега се повлече во своето легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дојдов да те ослободам, да ја примам на себе опасноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нив оддалеку ги препознавам, уште пред да се фотографираат со најголемиот букет од африканска зелка и цвет од памук, стилизиран коверт и кофа од фризура на главата од дамата, која на себе има парфем доволно да ја намириса цела ресторан сала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„На првото славење на некој повод, ќе си подарите сами на себе златна табакера и во неа секое утро ќе си ставате по 7 цигари за тој ден“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ја слушаш приказната за тоа дека се храни само природно и само природни материјали може да поднесе на себе и на кожата своја, а гледаш дека и со пиво се налева, дека тоа си е природен пијалок... ’ко боза отприлика.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сама проектираше и изведуваше визба во дворот и летна кујна, етапа по етапа, по принципот „клуч на рака“ сама на себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и дојденците и староседелците со очи си го пиеле здивот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дошол на себе кога му пламнало црвеното брадиче. Веќе и влакненцата во носот му гореле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш почна да се лути на себе - улав ли беше кога мислеше дека момчево ќе можат да го однесат на грб?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе. Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во прво време, по враќањето на власт, тој не забележуваше никакви измени на себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
16 Секој ден вежбам јога, работам на себе, на својот селф, јас сум центарот на светот, останатото не ме интересира, друго не постои, и никој нема да ми се испречи на патот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа што станал себичен и почнал својата љубов да не ја дава никому, освен на себе. Таа што му ја давале не ја возвратил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Совети за наоѓање сопствен свет и исклучување на себе од туѓиот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас на истиот начин чезнеам по недопрената, далечна и верна на себе, Јапонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Несакајќи да си го признаеме тоа на себе, ги нарекуваме вонземјани. Па да, доаѓа ера на компјутери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа е времето кое ти останува. Си го посветуваш и трошиш на себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За Гелнер, „национализмот не е она што се чини, а над сѐ тој не е онаков каков што си изгледа самиот на себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога жена сака нешто да промени на себе, почнува од фризурата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Но кога Вероника сака нешто да промени на себе, почнува од мислата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако наоѓаше некакво олеснување, тоа беше во работата, во која повремено можеше да се внесе заборавајќи на себе и по десет минути без прекин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога е потребно, тие можат да бидат наведени на бес од страв или од омраза, но препуштени сами на себе тие се во состојба за долг период да заборават дека војната воопшто се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со косата раскубана, лицето подуено од плачење, целата свиткана, со неуредни алишта на себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега оваа кутра девојка е жигосана, има белег на себе... Ќе ја бие лош глас... Ќе биде бела врана во околината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Истите тие креатури на себе носат панталони ко ќунци, очајно ружни фармерки, шалвари, чаршафи, јамболии, черги, ѕидарски маици у зима, монтки у лето...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И како што гледате – покажа на себе – некако поарно сме од вас во сенешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Носи две маски, обете машки, едната насмеана, другата тажна. Ја задржува на себе тажната. Насмеаната ја фрла преку кесето со јаболките.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Летка виде дека со помош на виното Едо се созема, доаѓа на себе и има пригодна идеја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѓаволу волшебен, опсесијо! Опсесијо моја, време се навикнувам на тебе се навикнувам на себе па почнувам и јас, налик на владетел семожен да мислам. Да се умислувам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа се беше миг: Србин почна да доаѓа на себе што станало кога сите се собраа подолу да го вадат војникот што стеблото го поплати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Брзо дојде пак на себе и рече : - Значи, вие сте тие. - Ние сме, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оставија рогузина, покривач, стомна за вода, чинија за јадење, две лажици и облеката што ја носеа на себе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И си пее, самото на себе: Наташа од трето три, има очи бадеми...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Штом ќе види мува, заборава на себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од друга страна пак – немаше кому да му се поплаче, ни кому да му се налути. Му остануваше самиот да си мисли на себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тогаш луѓето се фолираа: обично го преуредуваа просторот што помалку да личи на себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Де, мори Пелагијо, нема ѕидови меѓу вас што си се растреперила? си вели сама на себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Си доаѓам на себе. Утро е, сонцето влегува низ прозорецот во одајата, лази врз веленцето и влакненцата светкаат со најразлични бои.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Над нив голи гранки што благиот ветер ги нишка со надеж дека ќе се наведнат толку многу што ќе можат да го досегнат расфрланото злато и да си го врати пак на себе. Не! Не се досегнува!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Напишете ја тагата, напишете ја болката на лист хартија, напишете дека сте си простиле на себе и на другите, ќе почувствувате ослободување од стегите на негативните чувства, јасност и што е најважно надеж.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ме познаваа луѓето и знаеја што носам на себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прашања поставува сам на себе. Ни сам не знае што бара тука.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Со тоа, балканските земји, кои беа окупирани, биле оставени сами на себе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој поглед не можеле да им помогнат ниту Велика Британија ниту САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го пречекуваат како рамен на себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто се јасни изгледаат нејасни, прости ми Исусе, си рече попот Ставре и се скубна за брадата за да си дојде на себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мртво се смеев на неговата маленкост. Чувствував дека знае колку си е ништожен сам на себе, па барем беше искрен во признавањето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Среќна сум и горда на себе што, покрај сè, никогаш не потпаднав или се претопив во ниедна од тие групи луѓе, а сепак научив многу дружејќи се со нив, сакајќи или не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)