на (предл.) - ништо (зам.)

Може дури да се рече дека експериментот го покажува постоењето на ништо друго туку на самиот Павлов, или како што вели Лакан: „во овој експеримент не постои друг субјект, освен субјектот на експериментаторот“. *****
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- За да ни ја брани куќава, ми вели Ангеле, ете зошто, ми вели и не ме гледа, на ништо не ме клава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ирина си ја пувка цигарата и на ништо не ја клава Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо не останува зад мене, на ништо не се сеќавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно мислиш, друго кажуваш, а на ништо не се сеќаваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не лае на ништо, велам, кај слушаш лаење? - Лае, вели, не го слушаш дека лае?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ама од едно уво влегува, од друго излегува копнеж е тоа, еј, кај стои снег на летно сонце, а и нам не ни се стои оти таму никој на ништо не ти завидува, ни на куќа, ни на обушје, ни на облека, и си ги собираме пљачките, покупките, трчаме да фатиме брод,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)