на (предл.) - никого (зам.)

Та макар да прооди и со Биновите потери, таа не пукна на никого, па дури и на Пуловец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како човек, терајќи си го животецот во собата во ефтин и нечист хотел во Париз, не личи на никого.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тие белешки беше сѐ верно и тој не можеше на никого да му замерува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Заколни ми се сега за очите дека нема на никого да му кажеш за оваа работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако веќе ништо не можам да сторам за татковината, си мислев, барем ќе го зачувам правото на својата слобода, ќе ú го обезбедам правото на својата литература да не служи на никого и на ништо, освен на самата себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не ѝ светеше сонце на „плавушата“, што со табла на себеси, со испишана мака, пееше: „Македонско девојче, китка шарена Целото разграбано, малтретирано, Педофили слободно шетаат На никого не му сметаат...“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А другото што го зборувавме пред малку, за парите де, на никого ни половина збор.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Госпоѓо Христова, повлечете се во кујната. И не зборувајте му на никого ништо. Оставете го сево ова на мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)