на (предл.) - нас (зам.)

Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На екраните за евиденција на народот се пренесуваа слики од згрозеноста на лицата на нас кои овде седевме и ништо за тоа таму не знаевме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не можеме слободно ни да дефилираме овде, кучиња се настрвиле на нас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нивната ќерка Ирена Скендерова живее во Загреб и веројатно не се сеќава на нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Мислат на нас. Гледаат во небото, се смеат и се радуваат со вујко и со другите роднини и зборуваат за нас“.  „Којзнае“, тапо вели Моше, „којзнае дали се радуваат...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Аскерите трчаа нагоре, четниците стрелаа, потоа затрештеа бомбите и целата чука се замагли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама, таман ние растовариме, и еве ти и агите озгора стената, припукаа на нас, Бре, ќе не јадат пците едни, бре ќе нѐ оберат, ќе ни и земат добитчоките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На нас тргаат агите, Пере, на нас. Ми се чини тука е главната сила на Бахтијар, — му велеше Ѓорче на Перета, кој ја стискаше манлихерата цврсто и право „на месо“ стрелаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ако запалат некго од Турциве, или ако убијат некого, сеедно кого, вината можат да ја фрлат на нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ова се моите советници, отци духовни, првенци во својот род, членови на советот мој“, рече логотетот и покажа на нас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знаевме, и чекавме да дојде ред на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но да претпоставиме оти турското економско разорување не ќе се одрази на нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од Востанието со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на една неопределена маса.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе се налутеа на нас и ќе нѐ наречеа тврдоглави Бугари, ние пак ќе речевме: Е па така си е: вистина, христијани сме, ама не сме образовани како Грците!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, величајќи ја вербата наша не само пред нас туку и секаде каде што одиш – во Ерусалим, Антиохија, Кипар, Мала Азија, Ефес, ги привлече на нас злобните очи на нашите душмани!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој не кажува дека се плаши, ама стравот што се гледа на нас се гледа и на неговото лице. Како сенка му се мрешка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се урне на нас, ќе нѐ запрета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како ќе го криеме, братче Доксиме, велам, и кај ќе го криеме кога не знаевме каде е. Само се криело, велам, не чекало на нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зад него стоеја двајца со побелени фесови, веројатно слуги на првиот, и со волча глад чекаа да се фрлат на нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веројатно од удар, од кундак или од тупаница, во собата падна од скок познатото голо старче, сега многу покрваво отколку пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние сме си друго, од една болест страдаме. Слободно кажи ни на нас, не се срами.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите други, дури и оние кои беа слични на нас, беа страшливци и дволични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото однесување се промени и тој рече со погруб глас: „И ти се сметаш морално супериорен во однос на нас, со нашите лаги и со нашата свирепост?“ „Да, се сметам супериорен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Холивуд - убавите жени чекаат на нас. Сјај и беда!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Баш на нас да удрите. На комадантот мон. Јок го сторија. Поради вас.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа вечер седевме на тремот во механичката лулка што нѐ лулаше, дуваше на нас ветер, и ни пееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ПОЦКО: (Преплашен како и другите) Леле, коџабаши Панко! Заптии! Што правиме сега? Што има пизма на нас Циганите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаеш како се вели: кога ти е вујко владика...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Денес не знаеш што останало и на нас наше, вели и му ја трга од уста дојката на детето, го легнува да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се гледаме ние, а го гледаме и огнот на нас: ни се разлева по лицето, ни ги сенча образите, ни ги топли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И алиштата на нас се смеат. До таму скината работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам дека и дрвјата тргнале да одат и, идат право на нас, ќе нѐ газат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лазаме со бомбите в раце, а една група војници што ја штити митралезот, иде право на нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние сме голи, што се вели, уште само со летната партизанска облека на нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војскава иде право на нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кантата се плисна на нас и се истркала по скалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се протегнавме дури до железничката станица, вели, на нас беше и оружјето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петре Даскалот седна на прагот од вратата. Сакаше како што подоцна сфативме, Јоле да го сети или барем да се сети на нас и на тоа каде е и што е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Заборава на нас како да не постоиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)