меѓу (предл.) - црн (прид.)

Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)